Алтитекне
Планински врв на Плачковица
Алтитекне — врв на планината Плачковица со надморска височина од 1.411 метри. Врвот се издига во северниот дел од планината, на огранката која се испушта од врвот Чупино кон запад.[1]. Врвот Алтитекне се издигнува на северната падина на Плачковица, јужно помеѓу селата Градец и Липец и помеѓу доловите на Градечка и Виничка Река. Потеклото на самиот топоним доаѓа од турскиот јазик со значење на шест (alti) букови издлабени поила, корита за вода, кораб-брод (tekne), какви што има и на неколкуте посилни водни извори во буковата шума под самиот врв.
Алтитекне | |
---|---|
Поглед на врвот Алтитекне (во позадина) и Сариташ (во преден план) | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.411 м |
Координати | 41°48′54.3″N 22°31′15.5″E / 41.815083° СГШ; 22.520972° ИГД |
Географија | |
Алтитекне на карта | |
Матичен венец | Плачковица |
Искачување | |
Прво освојување | непознато |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ М., И.. „Плачковица — планина која треба да се посети и доживее!“, Игеографија, 24 март 2012.