Али Екс
Александра Ешли Хјуз (англ. Alexandra Ashley Hughes, родена на 31 јули 1985), позната по нејзиното уметничко име Али Екс (англиски: Allie X) ― канадска пејачка, текстописец и визуелен уметник. Музичката кариера ја започнала како инди-поп музичар кон средината на 2000-тите, кога свирела во месни групи во Торонто и напишала и снимила неколку самообјавени албуми.[9][10]
Али Екс | |
---|---|
Али Екс во 2015 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Александра Ешли Хјуз[1] |
Роден(а) | 31 јули 1985[2][3] Оуквил (Онтарио), Канада[4] |
Жанрови |
|
Занимања | Кантавторка, музички продуцент, глумица, манекенка |
Издавачи |
|
Мреж. место | alliex.com |
Откако во 2013 година се преселила во Лос Анџелес, Хјуз почнала да работи со продуцентите Cirkut и Billboard и постигнала успех со нејзиниот прв сингл издаден под името Али Екс, „Cаtch“, кој се искачил на 55-то место на канадската топ-100 листа и бил добро прифатен од музичките критичари.[10][11][12] Песната станала позната откако на социјалните мрежи била пофалена од поп-пејачката Кети Пери.[12]
Хјуз го издала нејзиниот прв миниалбум CollXtion I во 2015 година, по кој следеле: нејзиниот прв студиски албум CollXtion II (2017) и Super Sunset (2018). Во 2019 година, таа објавила и аналогна верзија од Super Sunset. Нејзиниот втор и трет студиски албум, Cape God и Girl with No Face, биле објавени во 2020 и 2024 година, соодветно.
Животопис
уредиАлександра Ешли Хјуз е родена на 31 јули 1985 година во Оуквил, Онтарио. Татко ѝ имал британско потекло.[13] Таа учела во уметничкото училиште Етобикоке, потоа студирала класично пијано и пеење на „Академијата за уметности - Интерлокен“ во Мичиген и дипломирала на колеџот Шеридан на отсекот за музички театарски изведби.[14] [15][16][10]
Дискографија
уредиСтудиски албуми
- CollXtion II (2017)
- Cape God (2020)
- Girl with No Face (2024)
Наводи
уреди- ↑ „Allie Hughes Valentines Wedding Spectacular“. Sticky Magazine. Архивирано од изворникот на 9 January 2012. Посетено на 18 March 2014.
- ↑ „Nee Sous X“. La Presse. Архивирано од изворникот на 15 October 2015. Посетено на 19 October 2015.
- ↑ Allie X [@alliex] (30 July 2011). „I just remembered its my birthday on Sunday. Oyyyy“ (Tweet) – преку Twitter.
- ↑ „Allie Hughes May Be The Next Maria“. 21 June 2008. Посетено на 9 November 2015.
- ↑ Daw, Stephen (18 December 2019). „Allie X Deals With Serious Déjà Vu in 'Rings a Bell'“. Billboard. Посетено на 20 February 2021.
- ↑ Lipshutz, Jason (21 March 2014). „Scouting Report: Toronto Synth-Pop Singer Allie X“. Billboard. Посетено на 20 February 2021.
- ↑ Rowley, Glenn (4 October 2019). „Allie X's 'Fresh Laundry': The Pop Singer Heralds a New Era of Experimentation“. Billboard. Посетено на 20 February 2021.
- ↑ van den Hoogenband, Corey (19 February 2020). „Allie X Cape God“. Посетено на 20 February 2021.
- ↑ „Allie X (Canadian Film Centre)“. Архивирано од изворникот на 10 July 2017. Посетено на 24 May 2017.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 „Allie X – Biography & History – AllMusic“. AllMusic. Посетено на 24 May 2017.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 12,0 12,1 Празен навод (help)
- ↑ „Allie X Will Make Your Head Spin in This Kaleidoscopic Shoot Exclusively for Fault Online“. Fault. 29 July 2016. Посетено на 24 May 2017.
- ↑ „Dream Machine – Allie X“. Архивирано од изворникот на 27 May 2017. Посетено на 24 May 2017.
- ↑ „CFC announces participants for slaight music residency“. cfccreates.com. Canadian Film Centre. 18 March 2013. Архивирано од изворникот на 13 April 2015. Посетено на 9 April 2015.
- ↑ „LyricCanada 2010 National Conference“ (PDF). Посетено на 9 April 2015.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Али Екс на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
Оваа статија за пејач е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |