Бодовна вредност на шаховските фигури

Во шахот, шаховските фигури имаат бодовни вредности кои служат за одредување на стратешката вредност на секоја фигура. Овие вредности се полезни за играчите, и исто така се користат кај сметачкиотшах за сметачот да знае кој потег да во повлече. Пресметувањата на овие вредности даваат само една груба претстава за состојбата на една партија. Точната вредност на една фигура зависи од ситуацијата.

Ова се најчестите вредности на фигурите:

Фигура
Вредност
 
Дама
9
Топ
5
Ловец
3
Коњ
3
Пешак
1

Вредноста на кралот е бесконечна, бидејќи неговото губење значи пораз. Во некои програми за копмјутерски шах, кралот има вештачка вредност од 200 бода – произволна вредност поголема од збирот на вредноста на сите фигури заедно плус позициони фактори. Ова му кажува на сметачот да го вреднува матот повеќе од сите размени и жртвувања.

Сметачите вршат и дополнителни прилагодувања на оваа бодажа во согласност со разните позициони фактори. На пример, тој одзема 13 бод за удвоени пиони, изолирани пиони и назадни пиони, се додаваат делови од бодови за отворени редови итн. Речиси сите играчи-луѓе ваквото положбено вреднување го прават без бројчени вредности.

Промена на вредностите во завршницата

уреди

Релативната вредност на фигурите се менува како што играта се ближи кон својот крај. Релативната вредност на пионите и топовите се зголемува, додека вредноста на ловците се намалува. Коњот ја губи моќта, а и кралицата донекаде губи сила. Еве некои примери (Албурт и Крогиус, 2005:402-3):

  • Дама против два топа
  • Топ против две лесни фигури
  • Во отворањето и мидшпилот, еден топ и два пиона се послаби од два ловца; еднакви со или само малку послаби од ловец и коњ; и еднакви на два коња
  • Во завршницата, еден топ и еден пион се еднакви на два коња; еднакви или само малку послаби од ловец и коњ. Еден топ и два пиона се еднакви на два ловца.

Поврзано

уреди

Користена литература

уреди
  • Lev Alburt и Nikolay Krogius, (2005). Winning Chess Endgames — Just the Facts!, Второ издание, Chess Information and Research Center (дистрибуирана од W. W. Norton), ISBN 1-889323-15-2
  • Larry Evans (1967). New Ideas in Chess Cornerstone Library (Доверско издание ISBN 0-486-28305-4)
  • Kaufman, Larry (1999). The Evaluation of Material Imbalances, Chess Life, March 1999.
  • Soltis, Andrew (2004). Rethinking the Chess Pieces, Batsford, ISBN 0-7134-8904-9