Алексеј Навални
Оваа статија обработува тековно збиднување. Информациите можат брзо да се променат со развојот на настаните. |
Алексеј Анатолиевич Навални (4 јуни 1976 - 16 февруари 2024) — руски опозициски активист, адвокат, активист против корупција и политичар.
Алексеј Навални Алексей Навальный | |
---|---|
Роден(а) | Алексеј Анатолиевич Навални 4 јуни 1976 16 февруари 2024 (возр. 47) |
Живеалиште | Москва |
Националност | русин |
Занимање | адвокат, активист, политичар |
Организација | Анти-корупциска фондација |
Познат(а) по | политички и социјален активизам, блогер |
Партија | Партија на прогресот (2013–) Јаблоко (2000–2007) |
Соперник | Владимир Путин и Обединета Русија |
Во одбор на | Аерофлот (2012–2013) |
Сопружник | Јулија Навалнаја |
Деца | 2 |
Страница navalny.com |
Животопис
уредиОд 2009 година станал познат по критиките за корупција на рускиот претседател Владимир Путин. Бил организатор на големите протести против политичката корупција, Путин и неговите коалициони партнери. На 27 април, 2017 година Навални бил нападнат од група непознати лица во близина на канцеларијата на неговата Анти-корупциска фондација. Нападот бил извршен со мешавина од Брилијантно зелена боја. Тој наводно изгубил 80% од видот на десното око.[1][2] На 7 јули, бил ослободен од затворот каде што бил 25 дена.[3] Пред тоа тој бил уапсен во Москва за учество на протести и бил затворен 30 дена за организирање нелегални протести.
Смрт
уредиНа 16 февруари 2024 година, Федералната казнено-поправна служба објави дека Навални починал во затворот во Јамало-ненец, по прошетка се почувствувал лошо. Во изјавата на затворот се тврди дека „Сите неопходни мерки за реанимација беа извршени, но не дадоа позитивни резултати... Болничарите ја потврдија смртта на осуденикот“. Портпаролката на Навални на директен пренос рече дека неговиот тим не може да ја потврди неговата смрт додека неговиот адвокат не го посети затворот, но веруваат дека Навални е мртов.