Александар Стојановиќ (партизан)
Александар Владо Стојановиќ ( 1921 во Скопје — 1944 во Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиВо родното место завршил основно училиште и седми клас гимназија. Војната му попречила да го дооформи своето образование. На 9 септември 1944 година стапил во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Со Бригадата учествувал во сите позначајни борби и акции против непријателот. Бил учесник во борбите против балистите на Водно, Треска како и во акциите за уништување на сообраќајниците и крстосниците, по кои се движеле германските единици. Учествувал во уличните борби за ослободувањето на Скопје. Потоа ја продолжил борбата против балистите кон Тетово. Во акциите против истиот непријател на Косово, храбро загинал кон крајот на 1944 година.[1]