Алборз

планински венец во Иран
(Пренасочено од Алборз (планини))

Алборз или „Елбурс“[1] (персиски: البرز) — планински венец во северен Иран што се протега од границите со Азербејџан и Ерменија на северозапад до јужниот крај на Каспиското Езеро, па завршува на запад кај границата со Туркменистан и Авганистан.[2] Највисока планина во венецот е Демавенд (5.610 м), сместена во округот Амол во покраината Мазендеран.

Алборз
البرز
Поглед на Демавенд
Највисока точка
ВрвДемавенд
Надм. височина5.610 м
Географија
Алборз is located in Иран
Алборз
Местоположба на Алборз во Иран
Земји Иран
Координати36°04′33″N 51°47′46″E / 36.0758° СГШ; 51.7961° ИГД / 36.0758; 51.7961

Венецот претставува препрека помеѓу Јужнокасписката и Казвинско-техеранската Висорамнина. Широк е само 60–130 км и се состои од седиментна низа со потекло од горен девон до олигоцен. Составен е претежно од јурски варовници врз гранитна основа. Повисоките краишта во екорегионот Елбруска лесостепа, се суви и без многу дрва. Северните падини припаѓаат на каспискиот херцински мешан шумски екорегион и се мошне богати со шуми и вегетација.

Според зороастриските преданија, на овие планини живее вечниот мудрец Пашутан, додека пак зороастриската секта Илмехашнум смета дека венецот е дом на т.н. „Господари на срцето“ (Сехеб е Дилан). Во минатото, ова име го давал на разни подалечни планини: така, имаме Елбрус на Кавказ и Елбариз (Џебал Барез) во подрачјето Керман над Ормускиот Проток.

По планината е наречена и покраината Алборз, сместена веднаш јужно од венецот.

Поради погодните услови, на Алборз има неколку скијачки центри што се вбројуваат меѓу најдобрите на светот.[3] Поважни се Дизин, Шемшак, Точал и Дарбанд.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Не треба да се помеша со планината Елбрус на Кавказ.
  2. Mughal, Muhammad Aurang Zeb. 2013. Caspian Sea. Robert Warren Howarth (ed.), Biomes & Ecosystems. Ipswich, MA: Salem Press, стр. 37-39.
  3. Скијање во ИранThe Guardian (англиски)
  • North, S.J.R., Guide to Biblical Iran, Rome 1956, стр. 50

Надворешни врски

уреди