Акустична траума (музички албум)
| |||
Албум во живо на Леб и сол | |||
Издаден | 1982 | ||
Снимен | 1978–1982 | ||
Жанр | Етно Рок Џез-рок | ||
Времетраење | 83:15 | ||
Издавач | ПГП РТБ | ||
Албуми на Леб и сол | |||
Претходен албум Следовање (1982) | |||
Следен албум Калабалак (1983) |
Акустична траума е името на првиот албум во живо на македонската џез/рок група Леб и сол. Албумот бил издаден во септември 1982 година, преку издавачката куќа ПГП РТБ.
Снимен во април 1982 за време на турнејата од албумот Следовање во Загребскиот клуб ”Кулушиќ”, популарно концертно место каде настапуваше речиси целата југословенска рок сцена и каде сними сопствени албуми во живо, пред сепак пробирливата загребска публика. Албумот е прогласен за еден од подобрите живи албуми воопшто, чинејќи важен дел од историјата југословенската музичка сцена.
Список на песни
уредиПлоча 1
уредиА1 Локомобила (3:07)
А2 Мирис југа (4:13)
А3 Мирко (4:00)
А4 Како ти драго (3:26)
А5 Утринска тема (2:26)
А6 Миле Поп Јорданов (4:12)
B1 Ајде сонце зајде (5:18)
B2 Кумова Слама (6:23)
B3 Ручни рад (4:56)
B4 Таласна дужина (3:53)
B5 Нисам твој (3:51)
- Времетраење на првата плоча: 45:51
Плоча 2
уредиC1 Жива рана (21:17)
C2 соло бас
C3 соло тапани
D1 Бонус (4:43)
D2 Кокошка (3:50)
D3 Абер дојде, Донке (4:29)
D4 Дамар (3:03)
- Времетраење на втората плоча: 37:24
Целосно времетраење: 83:15