Аксаково
Аксаково (бугарски: Аксаково) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Аксаково во Варненската Област. Има население од околу 8.004 жители (2022).[1]
Аксаково Аксаково | |
---|---|
град | |
Поглед на градот | |
Местоположба на Аксаково во Бугарија | |
Координати: 43°15′38.78″N 27°48′57.32″E / 43.2607722° СГШ; 27.8159222° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Варна |
Општина | Аксаково |
Управа | |
• Градоначалник | Атанас Стоилов (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 18,96 км2 (7,32 ми2) |
Надм. вис. | 99 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 8.004 |
• Густина | 420/км2 (1,100/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 9154 |
Повик. бр. | +359 052 |
Мреж. место | aksakovo.bg |
Географија и местоположба
уредиСе наоѓа на околу 90-100 метри надморска височина, во јужното подножје на висорамнината Франгенско Плато, со наклон кон Варненското Езеро, на 10 километри северозападно од регионалниот центар Варна.
Историја
уредиИсторијата на Аксаково може да се проследи уште од римско време. Во близина на населбата се наоѓа римската тврдина М’глиж која имала важна улога за развојот на населбата и одбраната на регионот. Откако Отоманската империја го презела Второто бугарско царство, дошло до пад на бугарското население во областа. Селото имало претежно турско население и се викало Аџемлер. Кога бил потпишан Санстефанскиот договор (1878), дошло до масовен егзодус на Турците. Новото население се состоело од бугарски бегалци кои дошле од регионот околу Одрин и Лозенград во Источна Тракија. При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, во Македонско-одринското ополчение доброволно се пријавиле 4 лица од Аџемлер.[2] На 14 август 1934 година името на селото е сменето од Аџемлер во Аксаково во чест на рускиот публицист Иван Аксаков кој активно се вклучил во процесот на ослободување на Бугарија. Во 2004 година селото добило статус на град.
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. София, Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9, 2006. ISBN 954-9800-52-0. с. 441.