Акра

главен град на Гана
(Пренасочено од Акра, Гана)

Центарот на Акра

Акра, Гана Гана

Површина ? км2
Население 1,970,400
Густина на насел. ?/км2
Административна поделба Регион Голем регион Акра
Надморска висина ? m
Градоначалник ?
Број на населби 3 (поглавни)
Координати: 5°30' С, 0°10' З

Акра е главниот град на Гана. Има околу 1,970,400 жители (според 2005). Акра е најголемиот град во Гана и е нејзин административен, комуникациски и економски центар. Од индустријата, во Акра е застапена онаа за производство на храна, дрво, текстил, облека и хемикалии. Самиот град се наоѓа во Метрополитенската општина Акра, во Големиот регион Акра.

Плажата Лабади во Акра.

Акра била основана од народот Га во 15 век како центар за трговија со Португалците, кои изградиле тврдина во градот, а подоцна свои тврдини изградиле и Швеѓаните, Холанѓаните, Французите и Данците сè до крајот на 17 век.

Местоположбата на денешна Акра се претворила во поголем град околу британските, данските и холандските тврдини: Џејмстаун околу британската тврдина, Осу околу данската и Ашертаун околу холандската. Овие три области го формираат јадрото на денешниот модерен град.