Аквитанска Галија
Аквитанска Галија (латински: Gallia Aquitania) била римска провинција[1].
Provincia Gallia Aquitania Провинција Аквитанска Галија | |||||
Провинција на Римската Империја | |||||
| |||||
Провинцијата Галија Аквитанија во рамките на Римското Царство, во 125 н.е. | |||||
Главен град | Медиоланум Сантонум (подоцна пренесена во Бурдигала) | ||||
Историски период | Антика | ||||
- | Основана по Галските војни | 27 п.н.е. | |||
- | освојувања на Визиготите | 5 век | |||
Денес во | Франција |
Провинцијата е основана во 27 година п.н.е.и постоела до 5 век.
Името го добило по келтското племе Аквитании, кое живеело на брегот на Атлантикот помеѓу Пиринеите и реката Лоара.
Освоена била во 56 година п.н.е. од Публиус Личиниус Красус легат на VII легион[2].
Во почетокот, главниот град бил Медиоланум Сантонум денешен Сент, а подоцна и Бурдигала денешниот Бордо.
Аквитанска Галија добила статус на империјална провинција во која биле вклучени областите помеѓу реката Лоара и Пиринеите. Според административната реформа на Диоклецијан (284-305) била поделена на на 3 провинции.
За време на распадот на Римското Царство, Аквитанска Галија била доделена од императорот Хонориј на Визиготите и откако добила статус на федерацја, го основала во 418 година првото варварско царство на територијата на Западното Римско Царство, кое подоцна прераснало во Царството на Визиготите со центар во Толедо[3].
Наводи
уреди- ↑ „Gallia Aquitania“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 2020-08-06.
- ↑ Gallia Aquitania (la Gaule aquitaine)
- ↑ Gallia Aquitania var en provins i Romerriket
Оваа статија за стариот Рим е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |