Акански јазик
Аканскиот, или познат како чвијски или фантејски, е атлантско-конгоански јазик, дел од поголемото јазично семејство на нигер-конгоански јазици. Јазикот е мајчин јазик на Аканите. Аканскиот јазик го зборуваат околу 58% од населението на Гана, воглавно во јужните делови на земјата. Исто така, јазикот се зборува во Брегот на Слоновата Коска од околу 30% од населението. Јазикот може да се смета за плурицентричен, бидејќи постојат три стандардизирани дијалекти: асантејски дијалект, акуапемски дијалект и фантејски дијалект. Иако сите три стандардни форми се разбирливи меѓу себе, правописите се различни и тоа ја отежнува меѓусебната комуникација. Во 1978 година, Комитетот за акански правопис основал заеднички правопис за сите акански дијалекти кој се користи во образованието.
Акански јазик | |
---|---|
Twi, Fante | |
Застапен во | Гана, Брег на Слонова Коска, Бенин |
Народ | Акани |
Говорници | 11.0 милиони (2007)[1] |
Јазично семејство | |
Статус | |
Службен во | нема. — Јазикот е поддржан од владата на Гана. |
Регулативен орган | Комитет за акански правопис |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | ak |
ISO 639-2 | aka |
ISO 639-3 | aka — опсежен код Поединечни кодови: fat — фантејски twi — твијски abr — абронски wss — васански bqa — чумбулски |
| |
Фонологија
уредиСогласки
уредиПред предни самогласки, сите согласки се палатализирани и експлозивните согласки стануваат африкативни. Алофоните на /n/ се доста сложени.
лабијални | алвеоларни | дорзални | лабијализирани | |||||||||
безвучни експлозивни | /p/ | [pʰ] | ⟨p⟩ | /t/ | [tʰ, tçi] | ⟨t, ti⟩ | /k/ | [kʰ, tɕʰi~cçʰi] | ⟨k, kyi⟩ | /kʷ/ | [kʷ, tɕᶣi] | ⟨kw, twi⟩ |
звучни експлозивни | /b/ | [b] | ⟨b⟩ | /d/ | [d] | ⟨d⟩ | /ɡ/ | [ɡ, dʒ, dʑi~ɟʝi] | ⟨g, dw, gyi⟩ | /ɡʷ/ | [ɡʷ, dʑᶣi] | ⟨gw, dwi⟩ |
фрикативни | /f/ | [f] | ⟨f⟩ | /s/ | [s] | ⟨s⟩ | /h/ | [h, çi] | ⟨h, hyi⟩ | /hʷ/ | [hʷ, çᶣi] | ⟨hw, hwi⟩ |
носни | /m/ | [m] | ⟨m⟩ | /n/ | [n, ŋ, ɲ, ɲĩ] | ⟨n, ngi⟩ | /nʷ/ | [ŋŋʷ, ɲᶣĩ] | ⟨nw, nu⟩ | |||
носни (со должина) | /nn/ | [ŋː, ɲːĩ] | ⟨ng, nyi, nnyi⟩ | /nnʷ/ | [ɲɲᶣĩ] | ⟨nw⟩ | ||||||
други | /r/ | [ɾ, r, ɽ] | ⟨r⟩ | /w/ | [w, ɥi] | ⟨w, wi⟩ |
Самогласки
уредиАканските дијалекти имаат 14 или 15 самогласки: 4 или 5 „затегнати“, 5 „олабавени“ (кои се адекватно, но не целосно претставени) и пет носни (не се претставени)
прависно претставување. | затегнати | олабавени |
---|---|---|
i | /i̘/ [i̘] | |
e | /e̘/ [e̘] | /i/ [ɪ~e] |
ɛ | /e/ [ɛ] | |
a | [æ~ɐ] | /a/ [a] |
ɔ | /o/ [ɔ] | |
o | /o̘/ [o̘] | /u/ [ʊ~o] |
u | /u̘/ [u̘] |
Хармонија
уредиЈазикот има самогласна хармонија.
- олабавени самогласки проследени од затегнати самогласки /i̘ a̘ u̘/ стануваат затегнати. Ова се пишува и така правиписните e ɛ a ɔ o стануваат i e a o u.
- по олабавените /e a o/, затегнатите /e̘ o̘/ тсануваат олабавени /i u/. Ова не се пишува.
Тонови
уредиАканскиот има три тона: висок, среден и низок. Почетните слогови немаат среден тон.
Примери
уредиАкански јазик
| |
Писмо | латиница |
Пример | Прв член од „Декларацијата за човекови права“ |
Текст | Wɔwo ɑdɑsɑ nyinɑ to fɑhodzi mu, nɑ hɔn nyinɑ yɛ pɛr wɔ enyimnyɑm nɑ ndzinoɑ mu. Wɔmɑɑ hɔn nyinɑ ɑdwen nɑ tsibowɑ, nɑ ɔwɔ dɛ hɔn nkitɑhodzi mu ndzeyɛɛ dɑ no edzi dɛ wɔyɛ enuɑnom. |
Македонски | Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност. |
Портал: Јазици |
- Akwaaba – добредојде
- Aane – да
- Yiw (Akuapim) - да
- Daabi – не
- Da yie – Добра ноќ (буквално 'спиј добро')
- Ɛte sεn/Wo ho te sɛn? – Како си?
- meda wo ase – Благодарам
- Mepa wo kyew – Извини
- Dwom/nnwom - песна или музија
- Wo din de sεn? - Како се викаш?
- Me din de ... - Моето име е ...
- Wadi mfeɛ ahe/sɛn? - Колку стар е тој/ таа?
- Woadi mfeɛ ahe/sɛn? - Колку си стар?/ Колку години имаш?
Користена литература
уреди- ↑ Nationalencyklopedin "Världens 100 största språk 2007" The World's 100 Largest Languages in 2007
- Dolphyne, Florence Abena (1988), The Akan (Twi-Fante) Language: Its Sound Systems and Tonal Structure. Ghana Universities Press, Accra. ISBN 9964-3-0159-6
- F.A. Dolphyne (1996) A Comprehensive Course in Twi (Asante) for the Non-Twi Learner. Ghana University Press, Accra. ISBN 9964-3-0245-2.
- William Nketia (2004) Twi für Ghana:; Wort für Wort. Reise Know-How Verlag, Bielefeld. ISBN 3-89416-346-1. (In German)
- Obeng, Samuel Gyasi. (2001). African anthroponymy: An ethnopragmatic and norphophonological study of personal names in Akan and some African societies. LINCOM studies in anthropology 08. Muenchen: LINCOM Europa. ISBN 3-89586-431-5.
- J.E. Redden and N. Owusu (1963, 1995). Twi Basic Course. Foreign Service Institute (Hippocrene reprint). ISBN 0-7818-0394-2 [Book and audio available at website in References, below]
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Акански јазик на Ethnologue (англиски)
- Запис за аканскиот на Rosetta Project[мртва врска]
- Англиско-асантски речник
- Јазични ресурси за аканскиот Архивирано на 2 јуни 2008 г.
- Journal of West African Languages Архивирано на 29 април 2011 г.
- Акански речник
- Ресурски за аканскиот Архивирано на 6 август 2010 г.
- Поеми на акански
Оваа статија за нигер-конгоански јазик е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |