Тадрарт Акакус

(Пренасочено од Акакус)

Тадрарт Акакус (арапски: تدرارت أكاكوس) е пустинска област во западна Либија, дел од пустината Сахара. Се наоѓа недалеку од градот Гат. Зборот тадрарт значи „планина“ на локалниот јазик Тамахак. Местото е особено богато со разновидна праисториска карпеста уметност.

Наоѓалиште на карпеста уметност
Тадрарт Акакус
светско наследство на УНЕСКО
Сцена со жирафи и други животни на местото што денес е пустина
КритериумКултурно: iii[1]
Навод287[1]
Запис1985[1] (9-то заседание)
Слики накарпи во Тадрарт Акакус
Карпеста образба во Тадрарт Акакус

Акакус се одликува со мошне разнообразен пејзаж, од разнобојни песочни дини, до арки, клисури, карпи и планини. Поголеми атракции се и арките кај Афзеџаре и Тин Клега. Иако оваа област е меѓу најпустите во Сахара, тука сепак има вегетација како на пример калотрописот.

Областа е значајна заради нејзината карпеста уметност која се смета за Светско наследство на УНЕСКО уште од 1985 г. заради важноста на овие слики и резби. Сликите датираат од околу 12.000 п.н.е. - 100 н.е. и претставуваат одраз на културните и природните промени во регионот.[1] Тука има слики и резби со животни како жирафи, слонови, ноеви и камили, но и од луѓе и коњи. Луѓето се прикажани во различни животни ситуации, како на пример при музицирање и танц.[2][3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Податоци за местото од УНЕСКО (англиски)
  2. Карта и водич низ Џебел Акакус (Map) (I. изд.). 1:100,000, вметната карта 1:400,000. Туристички информации и информации за пештерната уметност. Картографија: EWP. EWP. 2006. ISBN 0906227-933. (англиски)
  3. Фотогалерија на карпестата уметност од Адрарт Акакус (англиски)

Литература

уреди
  • Minozzi S., Manzi G., Ricci F., di Lernia S. and Borgognini Tarli S.M. (2003) "Nonalimentary tooth use in prehistory: an Example from Early Holocene in Central Sahara (Uan Muhuggiag, Tadrart Acacus, Libya)" American Journal of Physical Anthropology 120: стр. 225-232;
  • Mattingly, D. (2000) "Twelve thousand years of human adaptation in Fezzan (Libyan Sahara)" in G. Barker, Graeme and Gilbertson, D.D. (уредници) The Archaeology of Drylands: Living at the Margin London, Routledge, стр. 160-79;
  • Cremaschi, Mauro and Di Lernia, Savino (1999) "Holocene Climatic Changes and Cultural Dynamics in the Libyan Sahara" African Archaeological Review 16(4): стр. 211-238;
  • Cremaschi, Mauro; Di Lernia, Savino; and Garcea, Elena A. A. (1998) "Some Insights on the Aterian in the Libyan Sahara: Chronology, Environment, and Archaeology" African Archaeological Review 15(4): стр. 261-286;
  • Cremaschi, Mauro and Di Lernia, Savino (eds.) (1998) Wadi Teshuinat: Palaeoenvironment and Prehistory in South-western Fezzan (Libyan Sahara) Florence, Insegna del Giglio;
  • Wasylikowa, K. (1992) "Holocene flora of the Tadrart Acacus area, SW Libya, based on plant macrofossils from Uan Muhuggiag and Ti-n-Torha Two Caves archaeological sites" Origini 16: стр .125-159;
  • Mori, F., (1960) Arte Preistorica del Sahara Libico Rome, De Luca;
  • Mori, F., (1965) Tadrart Acacus, Turin, Einaudi;

Надворешни врски

уреди

24°50′N 10°20′E / 24.833° СГШ; 10.333° ИГД / 24.833; 10.333