Азот МТБ Предизвик
Азот МТБ Предизвик — дводневен велосипедски настан во областа Азот, средишна Македонија. Првиот настан бил одржан во 2015 година во првиот викенд во јуни, како што бил планиран и во 2016 година. Подоцна, датумот за изданието во 2016 година бил преместен на 14-15 мај[1], поради политичките случувања во Македонија.
За трката | |
---|---|
Датум | мај/јуни |
Регион | Азот |
Дисциплина | планински велосипедизам |
Вид | дводневен фестивал |
Организатор | Здружение „Велес Бајкинг“ |
Директор на трката | Зоран Јаневски |
Историја | |
Прво одржување | 2015 |
Одржувања | 2 (2016) |
Кампот на фестивалот и негова средишна точка е селото Богомила, каде учесниците спијат во своите шатори или во хотелот „Ѕидан мост“. Главниот камп е сместен во дворот на ОУ „Петар Поп Арсов“.
Вообичаено, фестивалот е поддржан од многу покровители и спонзори, како и од страна на локалната власт од Општина Чашка.
Организација
уредиФестивалот е организиран од страна на Здружението на граѓани „Велес Бајкинг“ - Велес, под водство на главниот организатор и претседател на здружението, Зоран Јаневски.[1]
Првото издание на фестивалот е во 2015 година. Ова издание на фестивалот било организирано на 6/7 јуни со средишна точка во селото Богомила. На настанот имало околу 30-тина кампери, додека 20-тина учесници биле сместени во хотелот „Ѕидан мост“. За време на почетокот на трката имало вкупно 270 учесници.
Патеки
уредиПостојат две патеки кои може да се извозат за време на вториот ден на настанот, голем и мал маратон.
Првата и потешка рута е во должина од 51,7 километри и вкупно искачување од 1800 метри и се движи во круг посетувајќи ги селата Црешнево, Капиново, Нежилово, ПД „Чеплез“ и Нежилово. Оваа рута ги посетува Римскиот мост во селото Богомила, под кого тече реката Бабуна, спомен-куќата на Петар Поп Арсов, варниците во Нежилово, црквата „Св. Петар и Павле“ во Папрадиште изградена од мајсторот Андреја Дамјанов и други помали селски цркви, поглед кон врвот Солунска Глава. Најголемиот дел од патеката е неасфалтиран и поминува низ прекрасен живописен предел. Затоа се препорачува користење на добро подготвени планински велосипеди.
Втората рута е пократка и полесна. Таа се движи кон селата Нежилово, ПД „Чеплез“ и Папрадиште и завршува во селото Богомила, и е во должина од 32,9 километри со вкупно искачување од околу 1000 метри. Движењето е претежно по асфалтиран и тампониран пат. Оваа рута е наменета за помалку подготвени велосипедисти.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Јачевска, Соња; Дарко Андоновски (3 мај 2016). „Во Азот се белите дробови на Македонија“. Нова Македонија. Скопје. Посетено на 4 мај 2016.[мртва врска]