ОУ „Петар Поп Арсов“ - Богомила

основно училиште во Македонија


Основно училиште „Петар Поп Арсов“ (официјално: Основно општинско училиште „Петар Поп Арсов“ - Богомила; скратено: ООУ „Петар Поп Арсов“) — централно основно училиште во велешкото село Богомила и едно од трите основни училишта во Општина Чашка.[1][2]

Петар Поп Арсов
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Чашка
Наречено по: Петар Поп Арсов
Нас. место: Богомила
Адреса: с. Богомила
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: македонски
Контактни информации

Училиштето е именувано по македонскиот национален деец, филолог и револуционер Петар Поп Арсов.

Местоположба

уреди

Училиштето се наоѓа во повисоката зона од селото Богомила, на патот за манастирот „Св. Спас“.

Настава

уреди

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

уреди

Во рамките на општинското основно училиште „Петар Поп Арсов“ се наоѓаат и три подрачни основни училишта од прво до петто одделение, а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во селото Богомила. Овие училишта се:

  1. Подрачно основно училиште „Петар Поп Арсов“ во село Извор
  2. Подрачно основно училиште „Петар Поп Арсов“ во село Ореше
  3. Подрачно основно училиште „Петар Поп Арсов“ во село Согле

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-07.
  2. „Образование“. Општина Чашка. Посетено на 2 август 2018.