Адолф Аврил
Адолф Аврил (француски: Adolphe d'Avril, роден на 17 август 1822 во Париз - починал на 27 октомври 1904 во Монтрел-сур-Епт) — француски писател, дипломат и публицист.
Адолф Аврил | |
---|---|
Роден/а | 17 август 1822 Париз, Франција |
Починат/а | 27 октомври 1904 Монтрел-сур-Епт, Франција |
Занимање | писател, дипломат, публицист |
Државјанство | Французин |
Биографија
уредиАдолф Аврил е роден 17 август 1822 година во Париз, Франција. По добивањето на неговата диплома по право на Сорбон, во 1847 година ја започнал својата кариера во Министерството за надворешни работи на Франција. Во 1866 година станал генерален конзул во Букурешт. Во 1868 година станал претставник на Франција во т.н. Комисијата за Дунав. Дипломатската кариера ја завршил во Чиле, каде на ниво на амбасадор на Франција работел во периодот од 1876 до 1882 година. Починал на 27 октомври 1904 .
Адолф Аврил оставил значајно книжевно наследство во форма на патописи, различни преводи на француски јазик и новинарството. Некои дела ги објавувал под псевдонимот „Cyrille“.Дел од неговата работа била поврзана со проучувањето на словенската култура и историја. Тој напишал книги како „Битката на Косово“, „Од фолклорот. Песни од брегот на Неман“(1883), „'Св.Св Кирил и Методиј'“ (1885) 5].
Дела
уреди- Voyage sentimental dans les pays slaves, 1876.
- De Paris à l'île des Serpents, à travers la Roumanie, la Hongrie et les bouches du Danube, 1876.
- La France au Monténégro, d'après Vialla de Sommières et Henri Delarue, récits de voyages publiés et complétés par Cyrille, 1876.