Окрузи во Норвешка
(Пренасочено од Административна поделба на Норвешка)
Норвешка е поделена на 11 окрузи (норвешки: fylke(r)). Окрузите претставуваат прв степен на поделба а следат општините кои ги има 356. Главниот град Осло е истовремено и округ и општина.
Окрузи во Норвешка Norges fylker (книжевно) Noregs fylke (новонорв.) | |
---|---|
Категорија | унитарна единица |
Место | Норвешка |
Управа | окружна управа |
Подединици | општини |
Тековната окружна распределба е извршена во 2020 г. по одлука три години порано. Поради отпор од граѓаните, во јануари 2024 г. се очекува три окрузи да бидат распушени, враќајќи ги претходните окрузи споени кога се создавале сегашните. Тие се Вестфол и Телемарк, Викен[1][2] и Тромс и Финмарк.[3]
Островските територии Шпицбершки Острови (Свалбард) и Јан Мајен не влегуваат во окружниот систем, туку претставуваат своевидни единици.
Ова е список на окрузите во земјата и нивните седишта.
Грб | Округ | Изворно | Седиште |
---|---|---|---|
Агдер | Agder | Кристијансанд | |
Вестлан | Vestland | Берген | |
Вестфол и Телемарк | Vestfold og Telemark | Шиен | |
Викен | Viken | Осло, Драмен, Сарпсборг | |
Инландет | Innlandet | Хамар | |
Мере и Румсдал | Møre og Romsdal | Молде | |
Нурлан | Nordland | Буде | |
Осло | Oslo | Осло | |
Ругалан | Rogaland | Ставангер | |
Тренделаг | Trøndelag | Стејнхер | |
Тромс и Финмарк | Troms og Finnmark | Тромсе |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Lilleås, Heidi Schei (October 2019). „Monica Mæland om Viken-dramaet: Vil ikke spekulere“. Nettavisen.
- ↑ Lars Roede, "Viken og Innlandet: Amatørmessige logoer og uhistoriske navn", Aftenposten, 11 јануари 2020
- ↑ Grønning, Trygve (17 март 2021). „Fylkesrådslederen om sammenslåingen: – Staten har påført oss dype sår“. NRK (норвешки букмол). Посетено на 29 март 2021.