Агрон
Агрон (250 п.н.е. - 231 п.н.е.[1][2]) — илирски крал од 3 век п.н.е. Агрон го наследил престолот на Ардијанското Кралство од неговиот татко Плеурат II. Се истакнал како способен владетел, успевајќи да ги обедини илирските племиња и да го скрши отпорот на поедини племенски водачи. Како последица на ова, создал моќно кралство кое било најраспострането во тоа време. Со своите брзи и лесно подвижни галии- либурните, Илирите агресивно делувале по грчките колонии на Јадранското Море, така што ги зазеле островите Хвар и Крф и го блокирале островот Вис, поради што и почнале недоразбирањата со Римската држава. Всушност, Ардијанското Кралство на Агрон се простирало на најголемиот дел од историското подрачје Илирија.
Агрон | |
---|---|
Крал Агрон | |
На престол | 250–231 п.н.е. |
Претходник | Плеуреат II |
Наследник | Теута (де факто) како намесник на Пинеј (де јуре) |
Починал(а) | 231 п.н.е. Илирија |
Придружник | Теута, Тритеута |
Деца | Пинеј |
Илирски | Агрон |
Во 231 г.пр.н.е. македонскиот крал Деметриј II, побарал воена помош од Агрон во борбата со Етолците, заради нивното освојување на градот Медион. Агрон му притекнал на помош со 5000 војници и 1000 бродови. Во текот на ноќта, Илирите ненадејно ги нападнале Етолците и извојувале одлучувачка победа. Со себе понеле голем воен плен, а Агрон бил толку среќен поради победата, што поради прекумерното конзумирање на вино починал во 231 година п.н.е.[3]
Агрон бил оженет двапати. Првата жена му се викала Тритеута со која го имал синот Пинес. Втората и многу попозната е Теута, која како маќеа на Пинес, станала негов регент и фактички таа владеела со Ардијанското Кралство во наредните години.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Hammond 1993, стр. 105.
- ↑ Hammond, J. R. (1993). „A Defoe Companion“: 105. doi:10.1057/9780230374706. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ Hammond, R. E. (1973). North Atlantic Ocean Station Delta : 27 August 1967 - 25 August 1968 / R. E. Hammond. Washington :: U.S. Coast Guard, Oceanographic Unit,. стр. 591 and 595.CS1-одржување: излишна интерпункција (link)