Теута
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Теута била илирска кралица. Владеела во III век пред н.е. Таа го наследила својот сопруг Агрон, кој бил еден од најзначајните илирски владетели. Во 229 година пред н.е., таа дошла во судир со Римјаните поради илириските гусарења по Јадранско Море. Повеќе како резултат на внатрешните немири, кралицата Теута била принудена да потпише мир со Римското Царство. Со потпишувањето на мирот, Илирското Кралство ја признало врховната римска власт.
Теута | |
---|---|
На престол | 231–227 п.н.е.[1] |
Сопружник | Агрон |
Наводи
уреди- ↑ Jackson-Laufer 1999, "Teuta", pp. 382–383 .