Поскура

(Пренасочено од Просфора)

Поскура, просфора[1][2] или панагија[3][4] — обредно лепче од квасено пресно тесто, симбол на Телото Христово, што служи за причестување во православната црква[5].

Поскура

Подготовка на поскура

уреди

Има повеќе начини за подготовка на поскура, ерусалимски, светогорски, а може да се разликува и од манастир до манастир[6].

Подготовка според Македонската православна црква[7]

уреди

За време на правењето на просфората тој што ја прави треба да се моли со Исусовата молитва.

Состојки

уреди

Подготовка

уреди

Квасецот се раствора во половина шолја млака вода, исто како при месење на обичен леб. Во длабок сад се става брашното и во него се прави мала дупка за солта. Убаво се меша со брашното и се додава растворениот квасец. Полека се додава преостанатата вода, а потоа се меси подолго време така што да биде доволно цврсто.

Начин на обликување

уреди
 
Поскурен печат

За обликување на поскурата неопходен е печат.

Тестото се дели на 5 еднакви дела и од секој дел се прави по една поскура. Се размесува топката тесто, се посолува брашно на местото каде што се меси и потоа со сучење низ дланките се извлекува нагоре. Потоа тестото се истенчува на половината со сучење со малите прсти и се добиваат две споени, но посебни половини. Со внатрешниот дел од дланката овие половини се сплескуваат во форма на диск со што поправилна кружна форма. Потоа се превртува поскурата и се измазнува долниот дел, повторно се посолува брашно, се превртува поскурата, се мазни горната површина со дланката и внимателно се удира печатот.

Печење

уреди

Во посебен плех посипан со малку брашно се редат поскурите и се печат во претходно загреана рерна, на 150оС околу еден час.

Наводи

уреди
  1. „просфора“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „просфора“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „панагија“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „панагија“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. Поскура на Дигиталниот речник на македонскиот јазик
  6. Подготовка на просфора Архивирано на 22 април 2017 г. на семрежното место на манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук
  7. Просфора на семрежното место на Македонската православна црква