Ага Јусуф-паша
Ага Јусуф-паша (Јусуф-паша агата), познат и како Гурџу Јусуф-паша (Јусуф-паша Грузиецот), бил османлиски војсководец и голем везир од 18 век.
Ага Јусуф Паша | |
---|---|
Голем везир | |
На должноста 20 ноември 1711 – 11 ноември 1712 | |
Монарх | Ахмет III |
Претходник | Балтаџи Мехмет-паша |
Наследник | Нишанџи Сулејман-паша |
Лични податоци | |
Починал(а) | Родос, Архипелашки Пашалак |
Народност | Грузиец |
Воена служба | |
Припадност | Османлиска војска |
Род | Јаничари |
Чин | Ага |
Битки/војни | Руско-турска војна (1710-1711) |
Јусуф-паша бил со грузиско потекло и бил одземен преку данокот во крв. Во 1710 година, тој бил назначен за Ага на јаничарите, командант на јаничарите. Како воен водач, тој станал успешен за време на Прутската кампања (1710–1711). Со Договорот од Прут (1711), Петар Велики од Руското Царство се согласил да обезбеди слободен премин за кралот Карл XII Шведски да се врати во својата земја. Следната година, Ага Јусуф-паша бил назначен за голем везир. Сепак, иако составен командант, му недостигало вештина на државник. Кога Петар Велики одбил да дозволи слободен премин на карл XII, османлискиот султан Ахмет III (вл. 1703–1730) одлучил да и објави војна на Русија. Но, Ага Јусуф-паша го убедил султанот да се откаже од идејата верувајќи дека Петар Велики конечно ќе ги следи условите на договорот. Меѓутоа, рускиот цар сè уште не сакал, а налутениот султан го разрешил Ага Јусуф-паша од неговата функција како голем везир на 11 ноември 1712 година. Иако бил протеран на островот Родос, набрзо бил погубен.[1]
Наводи
уреди- ↑ Ayhan Buz: Osmanlı Sadrazamları ISBN 978-975-254-278-5 pp.172–173