Ав (хебрејски: אָב, арамејски: אבא‎, аба; од акадски: abu, „татко“) — единаесеттиот месец од граѓанскиот и петтиот месец од верскиот еврејски календар. Името му е од вавилонско потекло и се јавува во Талмудот некаде околу III век, но е единствениот еврејски месец што не е споменат во Библијата. Ова е летен месец и трае 30 дена. Обично соодветствува на јули-август во грегоријанскиот календар.

тамуз       ав (אָב)       елул
Вториот храм во пламен
Вториот храм во пламен

„Вториот храм во пламен“ (1867) од Франческо Ајец. Денот 9 ав (Тиша беав) е пост во спомен на „најцрниот ден во еврејската историја“ кога е запален светиот Ерусалимски храм.

Реден број: 5
Денови: 30
Годишно време: лето
Грегоријански: јули–август

Во Таанит 29а од Вавилонскиот Талмудуд се вели дека „кога ќе настапи [месецот] ав, радоста ни опаѓа“. Причината е тоа што во првата половина од овој месец се случиле најцрните настани во еврејската историја.[1] Од особено значење се т.н. „Девет дена“ кои го доживуваат својот врв во постот Тиша беав на 9 ав. Но покрај овие празници, на полна месечина во месецот се празнува и мошне запоставениот празник Ту беав (15 ав) кој уште од древноста важел за еден од најсреќните денови во годината.

Празници во ав

уреди

Наводи

уреди
  1. Данон, Цадик (2008). Основни поими на јудаизмот (PDF). прев. Марија Алексиќ (II. изд.). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија. ISBN 9989-102-14-7.

Надворешни врски

уреди