Аврам Балабан (Балабаноглу, Балабанидис), (Ендурљук, 1865Битола, 1913)[1]хирург и гинеколог. Важел за добар лекар како и хуманист бидејќи работел во болницата за сиромаси „Гураба Хаста Ханести“.[2][3]

Аврам Балабан
Роден 1865
Ендурљук, Османлиско Царство
Починал 1913
Битола, Кралство Србија
Занимање хирург, гинеколог

Животопис

уреди

Аврам Балабан завршил медицина во Цариград во 1890 година и станал „доктор по медицина и хирургија. По дипломирањето прво работел во Созопол (Бугарија), а набрзо бил поставен за општински доктор во Охрид. Оттаму својата успешна кариера д-р Балабан ја продолжил во Струга, Приштина, Елбасан и од 1899 (или 1901) година во Битола. Во Битола во посебна зграда во дворот на својата куќа, д-р Балабан отворил приватно прифатилиште со неколку болнички соби, ординација и операциона сала. Исто така отворил аптека во близина на Јени амам (кај Дрвен пазар). За време на Балканските војни активно учествувал во сузбивањето на една од катастрофалните епидемии во тоа време, пегавиот тифус. Оваа болест го заразила и него и тој починал од истата.[2]

Неговиот внук Диогенис Валаванидис е виден српски општественик.[4]

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 120. ISBN 978-608-203-023-4.
  2. 2,0 2,1 Андоновска, Ленче; Ѓоргиевски, Науме, Николов, Благој, Огненовски, Трајко, Пешевска, Гордана, Стефановска, Анета, Талеска, Светлана (2007). Значајни личности за Битола. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 231. ISBN 978-9989-2783-0-3. Посетено на 18 март 2020.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. Bitola, Babam (2020-05-29). „Со Пет(ар) во Пет(ок): За Аврам Балабан, лекарот кој беше жртва на својата професија“. Бабам Битола (англиски). Посетено на 2021-09-01.
  4. „Диогенис Валаванидис - Биографија“. Посетено на 8 октомври 2023.