Ејва Макс

пејачка и текстописец од Соединетите Држави
(Пренасочено од Ава Макс)

Аманда Ава Коци (родена Аманда Коци; 16 февруари 1994 година), професионално позната како Ејва Макс (Ava Max), ― пејачка и текстописец од Соединетите Држави. Откако се селела од неколку сојузни држави во Соединетите Држави за да продолжи со музичката кариера уште од нејзиното детство, Макс потпишала договор со Atlantic Records во 2016 година, каде што ја издала песната „Sweet but Psycho“ во август 2018 година. Овој сингл станал нејзиниот пробив откако се искачила на број еден во 22 земји, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Германија, Австрија, Швајцарија, Шведска и Нов Зеланд. Песната, исто така, се искачила на второто место во Австралија и на 10-тото место на Billboard Hot 100 во Соединетите Држави. Во март 2020 година, Макс ја објавила песната „Kings & Queens“, која се искачила на 13-тото место на Billboard Hot 100 и на 19-тото место на врвната листа за синглови во Обединетото Кралство. Потоа следело објавувањето на нејзиниот деби студиски албум, Heaven & Hell, во септември 2020 година, која се нашла на второто место на топ-листата за албуми во Обединетото кралство и на 27-то место на Билборд 200 во САД. Во ноември 2020 година, била објавена песната „ My Head & My Heart “, која се искачила на 45-то место на Billboard Hot 100 и на 18-то место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство.

Ејва Макс
Роден(а)Аманда Коци
16 февруари 1994(1994-02-16)(30 г.)
Милвоки, Висконсин, Соединетите Држави
ЗанимањеПејачка
Активен период2013–до сега
Страница
avamax.com

Личен живот

уреди

Макс се опишала себеси како „100% Албанка“ и изјавила дека сака да и врати на заедницата.[1] Таа знае да го зборува јазикот, но не може да го чита.[2] Во интервјуто за Attitude во 2019 година, Макс откри дека во минатото ја привлекувале жени, но избрала да не ја етикетира својата сексуалност, објаснувајќи дека ценела „кога се работи за тоа кој си ти како личност. Не ми се допаѓаат луѓето што ставаат јас, или некој друг што го познавам во кутија“.[3] Макс е отворена за женското зајакнување, кое е вклучено во нејзината музика.[4] Таа, исто така, го изразила своето воодушевување кон дрег кралиците.

Наводи

уреди
  1. „Ava Max: My parents left Albania in 1990 and lived in a church in Paris for a whole year“. Belfast Telegraph. 11 јануари 2019. Архивирано од изворникот 11 јануари 2019. Посетено на 9 април 2022.
  2. Spanos, Brittany (16 мај 2019). „Ava Max Wants to Bring Dance-Pop Back“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот 19 февруари 2020. Посетено на 9 април 2022.
  3. Stichbury, Thomas (11 октомври 2019). „Ava Max won't 'label' her sexuality“. Attitude. Архивирано од изворникот 12 октомври 2019. Посетено на 9 април 2022.
  4. Zipper, Marni (16 јуни 2021). „Zara Larsson and Ava Max share how they are influenced by the queer community“. Mix 104.1. Архивирано од изворникот 29 септември 2021. Посетено на 9 апирл 2022 – преку Audacy. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

Надворешни врски

уреди