Упернавик
Упернавик (гренландски: Upernavik, „Пролетно Место“) — гратче на западниот брег на Гренланд. Во општината Упернавик живеат околу 3.000 жители, додека самото гратче Упернавик брои 1.144 жители. Остатокот од жителите живеат во десет места во општината, меѓу кои и Кулорсуак, со население од околу 400 жители. Авиокомпанијата Ер Гренланд сообраќа до Упернавик.
Упернавик | |
---|---|
Аероснимка на Упернавик | |
Местоположбата на општината Упернавик во рамките на Гренланд | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Greenland" does not existМестоположбата на Упернавик во рамките на Гренланд | |
Координати: 72°47′2″N 56°9′2″W / 72.78389° СГШ; 56.15056° ЗГД | |
Земја | Данска |
Провинција | Гренланд |
Општина | Упернавик |
Население (2005) | |
• Вкупно | 3,000 |
Во 1824 г., близу Упернавик е пронајден т.н. „Кингигторссуашки рунски камен“. На него се испишани знаци оставени од Викинзите, веројатно од доцниот XIII век. Со рунското писмо се испишани имињата на три Викинзи, и се споменува изградбата на могила во близината. Ова е најсеверното место каде се пронајдени викиншки артефакти, и ја означува крајната северна точка на викиншките патешествија.
Населени места во општината Упернавик
уреди„Упернавик“ на Ризницата ? |
Галерија
уреди-
Аероснимка
-
Новата црква
-
Старата црква, втор најстар објект во Упернавик
-
Гробиштата; гробовите се украсени со вештачко цвеќе.
-
Работа на пристаништето
-
Влечни кучиња врзани во двор
-
Бротчето „Дуда Ласе“ всидрено на пристаништето
-
Окружниот хеликоптер (Bell 212)
-
Пожарникарска станица
Литература
уреди- Bjerregaard, Peter и Beth Bjerregaard. Disease Pattern in Upernavik in Relation to Housing Conditions and Social Group. Copenhagen: Kommissionen for videnskabelige Undersøgelser i Grønland, 1985. ISBN 87-17-05231-9
- Haller, Albert Arno. The Spatial Organization of the Marine Hunting Culture in the Upernavik District, Greenland. Ottawa: National Library of Canada, 1981.
- Hjarnø, Jan, Jørgen Balslev Jørgensen и Morten Vesely. Archaeological and Anthropological Investigations of Late Heathen Graves in Upernavik District. København: C.A. Reitzels Forlag, 1974. ISBN 87-421-0096-8
- Jørgensen, Jørgen Balslev, Jens Dahl и Sanjai Sangvichien. Anthropometrical Studies on Greenlanders from Two Villages in the Upernavik Area. København: Nyt Nordisk Forlag, 1976. ISBN 87-17-02125-1
- Vibe, Christian. Preliminary Investigations on Shallow Water Animal Communities in the Upernavik- and Thule-Districts (Northwest Greenland). København: C.A. Reitzel, 1939.