Џуди Дејвис

(Пренасочено од Џуди Давис)

Џудит Дејвис (родена на 23 април 1955 година) ― австралиска глумица позната по нејзината работа во филмот, телевизијата и сцената. Со кариера која се протега повеќе од 40 години, таа е пофалена за нејзината разноврсност и се смета за една од најдобрите глумици на нејзината генерација со честиот соработник Вуди Ален кој ја опишува како „една од највозбудливите глумици во светот“.[1][2][3] Добитничка е на бројни признанија, вклучувајќи осум Награди AACTA, три Прајмтајм Еми награди, две филмски Награди на Британската академија и две Награди Златен глобус, како и номинации за двa Оскари.

Џуди Дејвис
Дејвис во 2012 година
Роден(а)Џудит Дејвис
23 април 1955(1955-04-23)(69 г.)
Перт, Западна Австралија, Австралија
Алма матерНационален институт за драмска уметност
ЗанимањеГлумица
Активен период1977–до сега
СопружникКолин Фрилс (в. 1984)
Деца2
НаградиЦелосен список

Дејвис дипломирала во 1977 година на Националниот институт за драмска уметност, каде глумела заедно со Мел Гибсон во Ромео и Јулија. Повеќето сценски дела на Дејвис биле во Австралија, вклучувајќи ги Визии (1979), Пјаф (1980), Госпоѓица Јулија (1983), Кралот Лир (1984), Хеда Габлер (1986), Победа (2004) и Галеб (2011), но глумела и во лондонската продукција на Незначителност од 1982 година, за која била номинирана за Наградата за најдобра глумица „Лоренс Оливие“ и за лосанџелеската продукција на Хапгуд од 1989 година. Таа се вратила во Националниот институт за драмска уметност во 2017 година за да ја режира претставата Љубов и пари.

Ран и личен живот

уреди

Дејвис е роден во Перт, Западна Австралија во предградието Флорет Парк и има строго католичко воспитување.[4][5] Се школувала во верското учичиште „Лорето“ и Технолошкиот институт на Западна Австралија и дипломирала на Националниот институт за драмска уметност (НИДА), Сиднеј во 1977 година.

Таа е во брак со глумецот и колега од НИДА, Колин Фрилс од 1984 година; имаат син и ќерка.[6] Нивната врска била накратко во медиумите кога расправија довела до судски налог за семејно насилство против Фрилс - сепак, тие останале заедно.[7] Тие живеат во предградието на Сиднеј, Бирчгроув, Нов Јужен Велс.[8]

Наводи

уреди
  1. Peter Biskind (25 август 2016). Gods and Monsters: Thirty Years of Writing on Film and Culture. ISBN 9781408882160.
  2. „Judy Davis in the Eye of the Storm“. Asia Pacific Screen Academy. 2011. Посетено на 13 декември 2021.[мртва врска]
  3. Powers, John (3 декември 2009). „Judy Davis, Inspiring 'Brilliant Career's 30 Years Later [sic]“. NPR.org. NPR. Посетено на 13 декември 2021.
  4. Maslin, Janet (22 февруари 1980). „New Face: Judy Davis Don't Call Her Sybylla; A Last-Minute Replacement 'I'm Not Good at Reading Scripts' Elizabeth Swados at Club“. The New York Times. Посетено на 13 декември 2021.
  5. Rovi, Hal Erickson. „Judy Davis Biography“. TV Squad. Архивирано од изворникот на 2020-06-01. Посетено на 13 декември 2021.
  6. Colin Friels biography at IMDb
  7. „Judy Davis takes out violence order against Colin Friels“. The Age. 31 октомври 2002. Посетено на 13 декември 2021.
  8. „Judy Davis: 'I never wanted celebrity'. 25 април 2013.

 

Надворешни врски

уреди