Госпоѓица Јулија (шведски: Fröken Julie) е натуралистичка драма напишана во 1888 година од Аугуст Стриндберг, во која се зборува за социјалните разлики, љубовта, страста и борбата меѓу половите. Драмата е напишана за еден париски театар, и го следи идеалот на тој театар: да се создаде што поцелосна илузија на стварноста.

СодржинаУреди

Дејството е сведено на минимум и целото дело се одигрува во грофовската кујна, на Иванден, во 1874 година. Госпоѓицата Јулија, која неодамна ја раскинала веридбата, вечерта пред Иванден се забавува со работниците на нејзиниот имот. Потоа влегува во кујната и флертува со слугата Жан, кој како дете бил вљубен во неа, но подоцна се помирува со својата социјална положба и воопшто не помислува да ѝ се додоворува. Напротив, тој е критички настроен кон недоличното однесување на Јулија.

Сепак, подоцна, криејќи се од селаните, тој и Јулија остануваат сами во неговата соба и Жан ја освојува госпоѓицата. Веднаш по тој чин, тој се однесува кон неа со презир и ја навредува, а таа е психички скршена. Плашејќи се од реакцијата на околината за нивната врска, тие кројат план да отпатуваат во Италија, со цел да отворат хотел. За таа цел, Јулија го ограбува трезорот на нејзиниот татко, грофот, но кога тој се враќа дома, таа и Жан се совладани од голем страв. Јулија е целата изгубена и Жан ја поттикнува да изврши самоубиство.[1]

НаводиУреди

  1. August Strindberg, Gospođica Julija - Otac. Beograd: Rad, 1960.