Џордан Тиодор

Американски кошаркар

Џордан Тиодор (роден на 11 декември 1989 во Енглвуд) ― кошаркар од Соединетите Држави. Тој бил Разигрувач на Олимпија Милано.

Џордан Тиодор
ПозицијаРазигрувач
Висина1,83 м
Тежина79 кг
ЛигаСерија А
КлубОлимпија Милано Олимпија Милано
Број25
Роден11 декември 1989(1989-12-11)(34 г.)
Енглвуд, Њу Џерси, САД
НационалностАмериканец
Македонец
Драфт2012 / Не драфтуван
Проф. кариера2012–
Клубови
2012–2013Анталија ББ Анталија ББ
2013Метс де Гуајнабо Метс де Гвајнабо
2013Ураканес дел Атлантико Урак. дел Атлантико
2013-2015Мерсин ББ Мерсин ББ
2015ЖЛ Бурж Бурж
2015-2016Скајлајнерс Франкфурт Скајлајнерс Франкфурт
2016-2017Банвит Банвит
2017-Олимпија Милано Олимпија Милано
Репрезентација
Инфо од: 11.10.2017.

Тој исто така има македонско државјанство и настапувал за македонската репрезентација.

Средно школо и колеџ

уреди

Тиодор израснал во Енглвуд, Њу Џерси и учел и играл кошарка во средното училиште Патерсон Католик.

Тиодор ја поминал целата своја колеџ кошаркарска кариера на Универзитетот Сетон Хал, играјќи за Сетон Хал Пајратс. Својата сениорска сезона со Пајратс ја завршил со просек од 16.1 боди по натпревар и 6.6 асистенции по натпревар.[1] Тиодор го скршил рекордот на Голден Санкет од 197 асистенции за една колеџ сезона поставен во сезоната 1962-1963, остварувајќи 226 асистенции.

Кариера

уреди
 
Тиодор со Бурж во 2015

На 15 јули 2012, Тиодор потпишал договор со турската Анталија.[2] Во својата единствена сезона во клубот имал просек од 13.8 бода по натпревар. Во мај 2013 потпишал за порториканската екипа Метс де Гвајанбо, а само неколку месеци потоа го напуштил клубот и потпишал договор со Ураканес дел Атлантико на 17 јули 2013.[3] На 22 октомври 2013, Тиодор се вратил во Европа повторно турското првенство откако потпишал договор со екипата на Мерсин ББ.[4] Тој ја завршил сезоната со 12.3 бода во просек по натпревар, но не успеал да му помогне на тимот да избегне испаѓање.

Во јануари 2015 му се приклучил на францускиот клуб Бурж.[5] Тој одиграл 17 натпревари во француската ЛНБ Про А лига со просек од 12.7 бода по натпревар. По завршувањето на сезоната, Тиодор го напуштил клубот и потпишaл договор со германскиот прволигаш Скајлајнерс Франкфурт во септември 2015.[6] Со просек од 14.7 бода по натпревар Тиодор му помогнал на Скајлајнерс да стигне до титулата во ФИБА Еврокупот.

Следната сезона тој повторно се вратил во Турција каде потпишал договор со екипата на Банвит. Со клубот го освоил купот на Турција[7] и играл во финалето на првото издание на ФИБА Лигата на шампионите во кое Банвит загубил од Иберостар Тенерифе. Сепак, Тиодор бил избран за МВП на сезоната во ова натпреварување.[8]

На 15 јули 2017, Тиодор потпишал двегодишен договор со италијанската екипа Олимпија Милано.[9] На 24 септември 2017, Тиодор и помогнал на Олимпија Милано да триумфира во Суперкупот на Италија 2017 и бил избран за МВП на турнирот со 29 бода 7 скока и 5 асистенции.

Репрезентативна кариера

уреди

Тиодор добил македонски пасош во 2017 година, и играл за македонската репрезентација во неколку пријателски натпревари.

Наводи

уреди
  1. „Jordan Theodore at ESPN.com“.
  2. „Antalya BSB agreed to terms with Jordan Theodore“.
  3. „Jordan Theodore replaces Isaiah Swann in Huracanes del Atlántico“ (шпански).
  4. „Mersin tab Jordan Theodore“.
  5. „Jordan Theodore moves to JL Bourg“.
  6. „Jordan Theodore moves to Fraport Skyliners Frankfurt“.
  7. „Banvit - Anadolu Efes“. Архивирано од изворникот на 2017-02-20. Посетено на 2017-11-12.
  8. „Theodore named MVP of the Season“. Basketball Champions League. 30 April 2017. Архивирано од изворникот на 2017-05-07. Посетено на 2017-11-12.
  9. „EA7 Milan picks up playmaker Theodore“. Euroleague.net. July 15, 2017. Посетено на July 15, 2017.

Надворешни врски

уреди