Џироламо Зулијан (1730 – 1795)[1] бил венецијански благородник,[2] амбасадор, витез[3][4][5]покровител на уметностите, колекционер на уметнички дела и Сенаторе Амплисимо.[6] Член на Куќата на Зулијан,[7] тој бил најпознат по неговата водечка уметничка колекција и по тоа што бил еден од најраните покровители на Канова, негов голем пријател [8] од кого ги нарачал Тезеј и Минотаурот во 1781 година, додека служел како амбасадор во Рим. Зулијан бил заслужен што одиграл фундаментална улога во подемот на Антонио Канова до славата.[8]

Витез
Џироламо Зулијан
Грбот на Зулијан
Венецијански амбасадор во Света Столица
На должноста
1777–1783
Монарх Паоло Рениер
Баило од Константинопол
На должноста
1783–1789
Лични податоци
Роден(а) Џером Зулијан
1730
Венеција, Република Венеција
Починал(а) 1795
Венеција, Република Венеција
Националност Република Венеција

Биографија

уреди
 
Фасада на Палацо Зулијан Приули на Големиот канал, Венеција

Зулијан бил роден во Венеција, Република Венеција, во 1730 година.[1] Бил роден во влијателно старо[9] венецијанско благородничко семејство,[7] кое ја изградило Палацо Зулијан на Венецијанскиот КГолем канал во 17 век. Џироламо Зулијан ја оставил палатата во аманет на Приули од Сан Тровасо (или Св. Гервасиј и Протасиј[7]), како што било наведено во неговиот тестамент составен на 2 август 1794 година.[7] Понатаму, дел од уметничката збирка на Зулијан преминала во Приули.

За Зулијан се велело дека бил исклучително умен човек, кој, иако не бил ниту уметник, ниту научник, ја користел својата моќ и богатство за да ја промовирал и заштител уметноста. Зулијан бил војводски советник на Канареџо и базиликата Свети Марко, и постар судија на Советот на десет. Подоцна станал венецијански амбасадор во Светата Столица, а подоцна амбасадор во Константинопол. Зулијан бил витез.

Покровител на Канова

уреди
 
Тезеј и Минотаурот нарачани од Зулијан, Музејот на Викторија и Алберт, Лондон

Во 1777 година, Зулијан станал амбасадор во Рим. Набргу потоа, Зулијан го зел Антонио Канова под свое покровителство и заштита и значително му помогнал во Рим, пречекувајќи го како гостин и дозволувајќи му да претворил некои простории од неговата палата во свое ателје. Во 1781 година, Зулијан ги нарачал Тезеј и Минотаурот од Канова, едно од најраните дела на Канова откако се населил во Рим.

Зулијан, исто така, нарачал план за Падова од Џовани Волпато[10][11] додека бил во Рим. Тој го подарил оригиналот на Академијата во Падова, која го прогласила за почесен член, и на која ѝ дал други донации низ годините, вклучително и древна плоча откриена од Фортис, која го потврдила постоењето на култот на Изида во Албано, и биста на кардиналот Бембо. Зулијан, исто така, нарачал биста на Торквато Тасо од Џузепе Анџелини додека бил амбасадор во Рим, која ја подарил на својот пријател Пјерантонио Сераси.

 
Донесено од Зулијан во Венеција и обновено од Канова, Национален археолошки музеј, Венеција.

Зулијан, следејќи го советот на Канова, ја пренел добро познатата скулптура, Нога од Колос, во Венеција неколку години пред 1785 година.[8] Зулијан го замолил Канова да ги обнови скулптурите.

Скулптурите денес се во Националниот археолошки музеј во Венеција. Зулијан ги подарил на институцијата во 1795 година.[12][8]

Кога бил избран за амбасадор во Костантинопол, Зулијан бил следен од Алберто Фортис, истакнат натуралист, неаполскиот ботаничар Доменико Сирило и францускиот научник Жан Батист Ле Шевалие.

Зулијан умрел во 1795 година, оставајќи на јавната библиотека на Свети Марко дел од својата колекција, која го вклучувала и неговиот Камео.[7]

Зулијанската колекција

уреди

Зулијан, човек со убав вкус и познавач на уметноста, составил вредна колекција на уметнички дела, кои ги чувал во Падова. Меѓу најскапоцените парчиња од збирката на Зулијан, имал скулптури и ретки скапоцени камења, собрани од Александрија и долж брегот на Анадолија. Зулијан починал непосредно пред падот на Републиката. Неговата колекција, завештана од него на градот Венеција, била поштедена од аукција и дисперзија, судбина што ги снајде повеќето локални колекции.[13]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Oscar Ganzina, Fabrizio Magani (2003). I trionfi di Volpato il centrotavola del Museo di Bassano del Grappa e il biscuit neoclassico. Filippi; Cornell University. стр. 10; 40. ISBN 9788882156473.CS1-одржување: користи параметар authors (link)
  2. Fornarina giornale artistico letterario illustrato. Tip. Elzeviriana. 1882. стр. 31.
  3. Maffei, Giuseppe (1853). Storia della letteratura italiana del cavaliere Giuseppe Maffei Volume 2. F. Le Monnier; National library of Florence. стр. 438.
  4. Moschini, Giovanni Antonio (1817). Guida per la città di Padova all'amico delle belle arti. [With plates and a map.]. стр. 184–185.
  5. Henig, Martin (2006). Roman Art, Religion and Society New Studies from the Roman Art Seminar, Oxford 2005. Archaeopress. стр. 181–185. ISBN 9781841717913.
  6. Arduino, Luigi (1791). Elementi di agricoltura fisica e chimica del signor Johan Gottschalk Wallerius, cavaliere del regio ordine di Wasa ... Traduzione dal francese del dottore Luigi Arduino . appresso Andrea Foglierini. стр. vii.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Tassini, Giuseppe (1879). Alcuni palazzi ed antichi edificii di Venezia storicamente illustrati con annotazioni. Ithaca, New York: Filippi; Cornell University. стр. 266. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Tassini“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 La storia del Palazzo di Venezia dalle collezioni Barbo e Grimani a sede dell'ambasciata veneta e austriaca. Rome, Italy: Gangemi. 2015. стр. 60–61. ISBN 9788849293661.
  9. Dizionario storico-portatile di tutte le venete patrizie famiglie: così di quelle, che rimaser'al serrar del Maggior Consiglio, come di tutte le altre, che a questo furono aggregate. Bettinelli. 1780. стр. 167.
  10. „La Grande Pianta di Padova“. leparolediminerva.com. Посетено на 1 January 2021.
  11. „Pianta di Padova (Plan of Padua)“. British Museum. Посетено на 1 January 2021.
  12. „Greek and Roman Sculptures in the Museo Archeologico“. savevenice.org. Посетено на 1 January 2021.
  13. Illuminismo e ilustración le antichità e i loro protagonisti in Spagna e in Italia nel XVIII secolo. L'Erma di Bretschneider. 2003. стр. 179. ISBN 9788882652432.

Извори

уреди
  • Materassi, Luisa (2002). Girolamo Zulian: the collection, the man and his world.
  • De Paoli, Marcella. „La raccolta di antichità di Girolamo Zulian. Una collezione neoclassica veneziana“. Наводот journal бара |journal= (help)
  • M. De Paoli, Il legato Zulian, 1795, in I. Favaretto, G. L. Ravagnan (a cura di), Lo Statuario Pubblico della Serenissima. Due secoli di collezionismo di antichità 1596–1797, Cittadella (Padova) 1997, 282–298.
  • M. De Paoli, Antonio Canova e il «museo» Zulian. Vicende di una collezione veneziana della seconda metà del Settecento, “Ricerche di Storia dell'Arte” 66 (1998), 19–36.
  • M. De Paoli, Le gemme di Girolamo Zulian, in L. Dolcini, B. Zanettin (a cura di), Cristalli e gemme. Realtà fisica e immaginario, simbologia, tecniche e arte, Catalogo della mostra (Venezia, Palazzo Loredan, 28 aprile-24 maggio 1999), Venezia 1999, 89–102.