„Џин“ (англиски: Giant) — американски филм од 1956 година, во режија на Џорџ Стивенс (George Stevens) по сценариото на Фред Гујол и Иван Мофат (засновано врз романот на Една Фербер). Главните улоги ги толкуваат: Рок Хадсон (Rock Hudson), Елизабет Тејлор (Elizabeth Taylor), Џејмс Дин (James Dean), Керол Бејкер (Caroll Baker), Денис Хопер (Dennis Hopper), Мерседес Мек Кембриџ (Mercedes McCambridge), Чилс Вилс (Chills Wills), Ерл Холиман (Earl Holliman), Сал Минео (Sal Mineo) и Род Тејлор (Rod Taylor). Филмот „Џин“ претставува последен дел од неформалната Американска трилогија на режисерот Стивенс чии претходници се филмовите „Место под сонцето“ и „Шејн“. Филмот се одликува со колористички фасцинантен дизајн и со престижна глумечка екипа, што резултирало со десет номинации за „Оскар“: за режија, за најдобар филм, за адаптирано сценарио, две номинации за главна машка улога (Хадсон и Дин, иако улогата на Дин е споредна), за споредна женска улога (Мек Кембриџ), за музика (Дмитри Тјомкин), за колор костимографија и за монтажа. За овој филм, Стивенс го добил својот втор „Оскар“ за најдобра режија.[1]

Синопсис

уреди

Дејствието на филмот се одвива во Тексас. Земјопоседникот Џордан Бенедикт (го игра Рок Хадсон), наречен Бик, за време на престојот во источниот дел на САД се вљубува во ќерката на еден доктор, Лесли Линтон (ја игра Елизабет Тејлор) и набргу тие се венчаваат. Животот на Лесли на имотот на Бик не е секогаш лесен, особено поради тоа што Луз, Биковата сестра, ја пречекува непријателски. Единствено, нејзе ѝ е наклонет работникот на ранчот, Џет Ринк (го игра Џејмс Дин), кој посакува да стане богат...

Наводи

уреди