Џиновска моа
Џиновска моа | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Надред: | Безлетни птици |
Ред: | Ноеви |
Семејство: | Мои |
Род: | Dinornis (Owen, 1843) |
Видови | |
Северноостровска џиновска моа, D. novaezelandiae (тип) | |
Синоними | |
Џиновска моа (науч. Dinornis) е изумрен род на ноеви кои ѝ припаѓаат на фамилијата моа. Птицата живеела во Нов Зеланд.
Dinornis биле меѓу најголемите птици во историјата, со висина од 3 м и тежина од 250 кг. Најдените пердуви се црвено-кафени и влакновидни, кои го покривале целото тело освен деолниот дел од нозете и најголемиот дел од главата (плус мал дел од вратот под главата). Нозете биле големи и силни, а овие птици имале долг врат за брстење на високи гранки. Во целина џиновската моа веројатно изгледала како тежок ној. Тие биле во истата еколошка ниша како тревопасните цицачи на контитентите.
Џиновската моа, заедно со другите видови на моа биле истребени од Маорите кои ги ловеле за храна. Сите таксони од овој род изумреле до 1500 г.
Таксономија
уредиДолго време три вида од овој род се сметале за важечки: Dinornis: D. giganteus = D. robustus, D. novaezealandiae и D. struthioides. Неодамна се утврдило дека сите се мажјаци (struthioides) и женки од само два вида, еден од новозеландскиот Северен остров (D. novaezealandiae) и еден од Јужниот Остров (D. robustus) (Huynen et al., 2003; Bunce et al., 2003); Меѓутоа северноостровскиот примерок е од три засебни генетски лози и може со време да се класира како нов вид (Baker et al., 2005).
Наводи
уреди- Baker, Allan J.; Huynen, Leon J.; Haddrath, Oliver; Millar, Craig D. & Lambert, David M. (2005): Reconstructing the tempo and mode of evolution in an extinct clade of birds with ancient DNA: The giant moas of New Zealand. PNAS 102(23): 8257-8262. DOI:10.1073/pnas.0409435102 PDF fulltext Supporting Information
- Bunce, Michael; Worthy, Trevor H.; Ford, Tom; Hoppitt, Will; Willerslev, Eske; Drummond, Alexei & Cooper, Alan (2003): Extreme reversed sexual size dimorphism in the extinct New Zealand moa Dinornis. Nature 425(6954): 172-175. DOI:10.1038/nature01871 HTML abstract Supplementary information
- Huynen, Leon J.; Millar, Craig D.; Scofield, R. P. & Lambert, David M. (2003): Nuclear DNA sequences detect species limits in ancient moa. Nature (journal) 425(6954): 175-178. DOI:10.1038/nature01838 HTML abstract Supplementary information
- Owen, Richard (1843): [On the remains of Dinornis, an extinct gigantic struthious bird.] Proceedings of the Zoological Society of London 1843: 8-10, 144-146.