Џејмс Калахан
Ленард Џејмс Калахан, Барон Калахан од Кардиф, (анг: Leonard James Callaghan, Baron Callaghan of Cardiff; 27 март 1912 г. – 26 март 2005), познат како Џим Калахан ― британски лабуристички политичар, премиер на Обединетото Кралство (1976 - 1979) и лидер на Лабуристичката партија (1976 - 1980). Калахан е единствена личност која ги извршувала сите четири големи државни функции: канцелар за финансии (1964 - 1967), министер за внатрешни работи (1967 - 1970) и министер за надворешни работи (1974 - 1976). Бил пратеник од 1945 до 1987 година.
Ленард Џејмс Калахан | |
---|---|
Калахан во 1975 | |
Премиер на Обединетото Кралство | |
На должноста 5 април 1976 – 4 мај 1979 | |
Монарх | Елизабета II |
Претходник | Харолд Вилсон |
Наследник | Маргарет Тачер |
Лидер на опозицијата | |
На должноста 4 мај 1979 – 10 ноември 1980 | |
Монарх | Елизабета II |
Премиер | Маргарет Тачер |
Заменик | Мајкл Фут |
Претходник | Маргарет Тачер |
Наследник | Мајкл Фут |
Лидер на Лабуристичката партија | |
На должноста 5 април 1976 – 10 ноември 1980 | |
Заменик | Мајкл Фут |
Претходник | Harold Wilson |
Наследник | Michael Foot |
Државен секретар за надворешни и комонвелтски работи | |
На должноста 5 март 1974 – 8 април 1976 | |
Премиер | Харолд Вилсон |
Претходник | Алек Даглас-Хоум |
Секретар за внатрешни работи | |
На должноста 30 ноември 1967 – 19 јуни 1970 | |
Премиер | Харолд Вилсон |
Канцелар за финансии | |
На должноста 16 октомври 1964 – 30 ноември 1967 | |
Премиер | Харолд Вилсон |
Лични податоци | |
Роден(а) | Ленард Џејмс Калахан 27 март 1912 Портсмут, Хемпшир, Англија |
Починал(а) | 26 март 2005 Рингмер, Источен Сасекс, Англија | (возр. 92)
Партија | Лабурист |
Сопружник | Одри Молтон (в. 1938; died 2005) |
Деца | 3 |
Потпис | Податотека:Signature of James Callaghan.png |
Воена служба | |
Род | Кралска морнарица |
Роден е на 27 март 1912 г. во работничко семејство во Портсмут. Калахан рано го напуштил училиштето и започнал кариера како даночен инспектор, а во 1930-тите станал службеник во синдикатот; за време на Втората светска војна бил поручник во Кралската морнарица. На изборите во 1945 година бил избран за пратеник и се сметало дека го застапува левото крило од Лабуристичката партија. Во 1947 година бил назначен за парламентарен секретар во владата на Атли, и сè повеќе почнал да се придвижува кон десното крило на Лабуристичката партија, истовремено одржувајќи ја својата репутација на „Чувар на платнената капа“ – односно одржувал блиска врска меѓу лабуристите и синдикатите. По поразот на лабуристите на изборите во 1951 година, Калахан се повеќе бил сметан за лидер на десното крило на Лабуристичката партија и се кандидирал да стане заменик-лидер во 1960 година и лидер во 1963 година, но бил поразен од Џорџ Браун и Харолд Вилсон, соодветно.
По победата на лабуристите на изборите во 1964 година, Харод Вилсон го назначил Калахан за канцелар на државната каса; ова се случило во турбулентен период за британската економија, кога Калахан морал да се справува со хроничниот дефицит во платниот биланс и со разните шпекулативни напади на фунтата, а девизниот курс да фунтата со другите валути бил фиксиран со Бретонвудскиот систем. На 18 ноември 1967 година, иако прво негирала, Владата извршила девалвација на фунтата. По одлуката, Вилсон го назначил Калахан за секретар за внатрешни работи. Во тоа време, Калахан вршел надзор на операциите на британската армија за поддршка на полицијата во Северна Ирска, по барање од владата на Северна Ирска. Додека лабуристите биле во опозиција (1970 - 1974) Калахан останал министер во владата во сенка; по победата на лабуристите на изборите во 1974 година, Вилсон го назначил Калахан за секретар за надворешни работи. Калахан бил задолжен за повторно преговарање за условите за членство на Велика Британија во Европските заедници (ЕЗ) и ја поддржал кампањата за гласање „Да“ на референдумот во 1975 година, со кој се потврдило членството на ОК во ЕЗ.
Откако Вилсон ненадејно објавил дека во март 1976 година се повлекува од функцијата премиер, Калахан на внатрепартиските избори победил петмина противкандидати и бил избран за лидер на Лабуристичката партија; за премиер бил назначен на 5 април 1976 година. По изборите во 1974 година лабуристите имале тесно мнозинство во Долниот дом, но до моментот кога Калахан станал премиер тие веќе го загубиле мнозинството, а неколкуте порази на дополнителните избори и пребегнувањето на пратеници во првите месеци од мандатот го принудиле Калахан да склучи договор за доверба и поддршка со Либералната партија. Иако на почетокот владата била стабилна, по штрајковите низ целата земја во „Зимата на незадоволство“ (1978-79) и поразот на референдумот за деволуција на Шкотска, довело до тоа помалите партии да им се придружат на конзервативците и на 28 март 1979 година да покренат гласање за недоверба на Калахан. Иако во анкетите ја имал поддршката на народот, Калахан загубил на изборите во 1979 година и на негово место дошла Маргарет Тачер.
Калахан до ноември 1980 година останал лидер на лабуристите, како и лидер на опозицијата. Тој се обидел да го реформира процесот избрање лидер кај лабуристите. Од 1983 до 1987 година бил татко на Долниот дом. Откако му завршил мандатот во Долниот дом во 1987 година, бил промовиран во Домот на лордовите како барон Калахан од Кардиф. Починал на 26 март 2005 година и денес е најдолговечниот поранешен премиер на ОК.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Повеќе за Џејмс Калаган на веб-страницата на Даунинг стрит.
- Hansard
- Интервју со канцеларот Калаган по интервјуто со ММФ во Рио, Бразил
- Официјален портрет на Џејмс Калаган од Дејвид Грифитс Архивирано на 20 јануари 2017 г.
- „Премиери во повоениот свет: Џејмс Калаган“, предавање на Кенет О. Морган на колеџот Грешам на 5 јуни 2007 година (со видео и аудио датотеки достапни за преземање)
- Портрети на James Callaghan, Baron Callaghan of Cardiff во Националната портретна галерија во Лондон (англиски) </img>
- </img>
- Бронзена биста на Џејмс Калаган во парламентарната колекција на ОК