Џенифер Батен
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Џенифер Батен — американски гитарист. Таа има работено и како студиски музичар и како соло артист.[1]
Џенифер Батен | |
---|---|
Податотека:Ficheiro:Jennifer1997.jpg | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 28 ноември 1957 New York City, Њујорк, САД |
Жанрови | Инструментален рок, џез, хард-рок, електроника |
Занимања | гитарист, композитор, продуцент |
Инструменти | Електрична гитара |
Период на активност | 1980–денес |
Издавачи | Voss, East West, Lion |
Соработници | Мајкл Џексон, Џеф Бек, Дода |
Мреж. место | jenniferbatten.com |
Значајни инструменти | |
Washburn JB-100 |
Фамилијата Батен се преселиле во Сан Диего, Калифорнија, кога Џенифер имала девет години, каде што ги продолжила часовите, апсорбирајќи поп-музика, фолк, блуз, и рокенрол. Пресвртница во нејзиниот музички развој се случила кога таа имала околу дванаесет години: татко и започнал да ја претставува пред Чарли Кристијан Рекордс.[2]
Во 1979 година, Батен започнала да го посетува Институтот за гитарски техники, каде што се спријателила, со колеги како Стив Линч. Фасцинацијата на Линч со техниката на „дворачно тропкање“ која тогаш започнала да се развива, е причината поради која Батен тргнала по стапките на нејзиниот пријател и го усовршила стилот на свирење – конечно, пишувајќи книга за тоа години подоцна (Two Hand Rock).[3]
По дипломирањето, Батен започнала да вежба 10-12 часа на ден. Во исто време таа свирела во шест различни групи и учела шест дена во неделата, вклучувајќи ги и магистерските часови во Институтот.[4]
Нејзината голема шанса за кариера дошла во 1987 година, кога таа слушнала од еден пријател, дека се одржуваат аудиции за гитарист за претстојната турнеја на Мајкл Џексон, во знак на поддршка на неговиот следен албум . Наместо да се пријави на аудиција веднаш, Батен презела невообичаен пристап, се пријавила на последниот можен ден, за да има што е можно повеќе време да го научи и усоврши репертоарот на кралот на поп-музиката.
Батен му се приклучила на Џексон на неговата „опасна“ турнеја. На 31 јануари 1993 година се појавила со Џексон за време на свеченостите на полувремето од првенството на националната фудбалска лига. Нејзината последна свирка со Мајкл Џексон е на ова првенство кој имал најголема гледаност во телевизиската историја, околу 1,5 милијарди гледачи. Батен се откажала од турнејата и формирала модерна-алтернативна -блуз-рок група наречена „The Immigrants“, динамична група која го објавила албумот (моментално достапен само во Европа) со наслов „One Planet Under One Groove“.
Здруженијата на рок гитаристи започнале да покажуваат интерес за Батен, особено откако нејзината музичка нумера се појавила на една ЦД-компилација издадена од магазинот „Guitar for the Practicing musicians“.
Во 1998, Батен добива покана да се приклучи во составот на еден од нејзините омилени гитаристи на сите времиња, Џеф Бек. По потпишувањето на договорот со Бек, Батен се појавила на студиските снимки во1999 година „Who Else!“ и во 2001 „You Had It Coming“, и на голем број турнеи. Покрај тоа, Батен гостувала на снимки од Кармајн Аписи (Guitar Zeus, vol. 1), и на „Lost Years LP“од нејзиниот стар пријател Сембело.
Батен има издадено три соло албуми. Во 1992 нејзиниот деби албум, Above Below and Beyond , продуциран од гитаристот на Стиви Вондер, Мајкл Сембело. Во 1997 година, издаде вистински светски хит „Jennifer Batten's Tribal Rage: Momentum“. Нејзиниот трет албум, “Whatever,, беше издаден во Јапонија во септември 2007 година, а во САД на 18 април 2008 година.
Батен се појавила на снимки како што се Who Else! (1999) и You Had It Coming (2001) на Џеф Бек, Guitar Zeus (1995) на Кармајн Аписи , Heavy weather (1992) на Мајкл Сембело, Sunlight Again (1994) на Карл Андерсон, во деби албумот на Синди Круз, Doc Tahri на басистот Брет Хелм и на деби албумот на „The immigrants“. Се појавила во музички спотови на Џеф Бек, Мајкл Џексон, Натали Кол и Сара Хикман и во „Obsesión“ на Мигел Матеос.
Батен свирела соло и ритам гитара на „Bad“, „Dangerous“ and „HIStory“ турнеите на Мајкл Џексон, како и на настапот на полувремето од Супер Боул во 1993.
Помеѓу 1994 и 1999 година, Батен се приклучила на Дејв Роџерс и Домино како гитарист кој се појавува на евробит песните „Sun City“, „Music For The People“, „Fly“ и „Woa Woa Woa“. Нејзините настапи биле ограничени да бидат на стадионот во Токио со Дејв Роџерс.
Во 2010 година, снимила соло за песната „Bad Girls“ на полската пејачка Дода.
Дискографија
уреди- 1992: Above Below and Beyond
- 1997: Jennifer Batten's Tribal Rage: Momentum
- 2007: Whatever
Наводи
уреди- ↑ „Jennifer Batten Interview | MICHAEL JACKSON Guitarist 2008“. Music Legends Online (англиски). 2008-07-23. Архивирано од изворникот на 2016-03-19. Посетено на 2024-01-25.
- ↑ Meadpublished, David (2020-02-17). „Jennifer Batten: "Guitarists ask me about playing with Michael Jackson more than playing with Jeff Beck!"“. guitarworld (англиски). Посетено на 2024-01-25.
- ↑ „Jennifer Batten Interview | Guitarhoo.com“. web.archive.org. 2018-02-12. Архивирано од изворникот на 2018-02-12. Посетено на 2024-01-25.
- ↑ „Washburn Artist Jennifer Batten“. web.archive.org. 2018-08-24. Архивирано од изворникот на 2018-08-24. Посетено на 2024-01-25.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |