Џамија на Пророкот

Џамија на Пророкот или Месџид ел-Небеви (арапски:المسجد النبوي) или Џамијата на Пророкот е џамија која се наоѓа во Медина, Саудиска Арабија. Таа е втората по важност џамија по Масџид ел-Хаџид во Мека. Оваа џамија била изградена во периодот од 705-709 година од страна на Ал-Халид, и тоа врз местото каде пред тоа се наоѓал домот на пророкот Мухамед. Во текот низ историјата оваа џамија била многупати разрушувана и повторна градена, па затоа во денешно време од старата зграда нема останато ништо. Се смета дека е зачувана само одајата каде бил погребан Мухамед. Долго време потоа таа одаја била соѕидена.

Месџид ел-Небеви
المسجد النبو
Основни податоци
МестоМедина, Саудиска Арабија
Координати24°28′06″N 39°36′39″E / 24.46833° СГШ; 39.61083° ИГД / 24.46833; 39.61083
Припадностислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилисламска архитектура
Особености
Куполи1
Минариња10
Висина на минарето105 м