Џамија Имам Али
Џамијата Имам Али (арапски:حرم الإمام علي ) е муслимански храм кој се наоѓа во Наџаф, Ирак. Овој храм е познат и како Месџид Али или Гробот на Али. Али е исламски водач и роднина на пророкот Мухамед, првиот имам и четвртиот калиф[1]. Според шиитското верување[2], закопани до Али во оваа џамија се посмртните останки на Адам и Нух (Ное)[2][3]. Објектот бил изграден во 977 година, на неколкупати оштетуван и повторно реконструиран. По нападот на САД врз Ирак во близината на џамијата се случиле многу напади, како убиството на шиитскиот водач Абдул Маџид ал-Коел во 2003 година, истата година експлозија од автомобил-бомба каде загинале околу 120 луѓе, во 2004 година од минофрлач била оштетена портата на храмот, во 2006 година од експлозија повторно биле убиени околу 40 луѓе.
Џамија Имам Али حرم الإمام علي | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Наџаф, Ирак |
Координати | 31°59′46″N 44°18′51″E / 31.99611° СГШ; 44.31417° ИГД |
Припадност | ислам |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Наводи
уредиОваа статија џамија или друго исламско светилиште е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |