Ќебапче
Ќебапче – валчесто парче од мелено месо, печено на скара [1][2]. Се јавуваат во сите краишта од Балканскиот Полуостров, а особено во краиштата од бивша Југославија кои биле под османлиска власт. Видовите месо од кои се прават ќебапчињата се разликува од место до место, а тоа зависи и од вероисповедта која преовладува во тој крај. Може да се најдат и како вид брза храна во лепиња и со прилози.
Ќебапчиња | |
Дел од оброкот | главен оброк |
---|---|
Температура на послужување | топло |
Главни состојки | месо |
До XX век не биле користени машини за мелење месо, па тоа ситно се сечкало. Се тврди дека сè уште тоа е најдобар начин на ситнење на бидејќи месото останува посочно и не може да загори. На месото му се додаваат зачини, се меси и се истиснува низ вид инка која му го дава карактеристичниот облик и потоа се печи на скара. Посебно се цени доколку скарата се ложи на ќумур од буково или дабово дрво.
Угостителскиот објект во кој се подготвуваат ќебапчињата се вика ќебапчилница[3], а оној што ги прави, пече се вика ќебапчија[4]
Етимологија
уредиИмето ќебапче, ќебап изворно потекнува од персискиот збор كباب[5] и во изворниот облик е користен за месо кое не е печено, туку пржено. Употребата на истиот назив во арапскиот јазик најверојатно потекнува од арамејскиот כבבא, кој од своја страна има корен во акадскиот јазик (kabābu – она што е изгорено, испржено, јагленисано) [6]. Во XIV век „ќебап“ се споменува како синоним за персискиот збор tabahajah, јадење кое се состои од испржени парчиња месо. Во средниот век, зборот ќебап почесто се споменува во персискиот јазик, каде во сочуваните готвачи од тоа време се споменува во смисла месни топчиња од мелено пилешко или јагнешко месо. Во поново време називот се асоцира со шиш-ќебап, кој делумно потекнува од арапскиот збор شواء (shiwa), месо од скара.
Историја
уредиИако коренот на сегашниот назив за ќебапчиња потекнува од неевропски јазици, ова јадење во Европа е присутно од античко време. Најраната верзија на ќебап се спомнува во Стара Грција, уште во VIII век п.н.е. Јадење од месо во облик на „обелиск“[7] се споменува во Хомеровата Илијада[8], Одисеја[9], како и во делата на Аристофан[10], Ксенофонт[11] и Аристотел[12].
Рецепт
уредиЌебапчињата може да се купат во повеќето месарници спремни за печење. Секоја месарница како и гостилница има свој рецепт за нивно спремање кој се разликува како според видовите употребено месо, нивниот сооднос, така и од нивните додатоци. Главно се употребува јунешко, свинско и јагнешко месо.
Ќебапчињата може да се подготват и во домашни услови, за што постојат доста различни рецепти[13],[14],[15]
Поврзано
уредиНаводи и забелешки
уреди- ↑ „Ќебапче“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Ќебапче не е деминутив од „ќебап“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „ќебапчилница“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „ќебапчија“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Davidson 1999, стр. 429
- ↑ „Semitic roots of kbb“. The American Heritage Dictionary. Архивирано од изворникот на 2008-04-08.
- ↑ Obelisksos, Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon, at Perseus project
- ↑ Homer, "Iliad" 1.465
- ↑ Wright 1999, стр. 333
- ↑ Aristophanes, "Acharnians" 1007, "Clouds" 178, "Wasps" 354, "Birds" 388, 672
- ↑ Xenophon, "Hellenica" HG3.3.7
- ↑ Aristotle, "Politics" 1324b19
- ↑ Домашни ќебапи на семрежното место на Мои рецепти
- ↑ Рецепт за совршени ќебапчиња на семрежното место на Точка
- ↑ Ќебапчиња Архивирано на 11 март 2017 г. на семрежното место на Македонска трпеза
Литература
уреди- Davidson, Alan (1999). Oxford Companion to Food. Oxford: Oxford University Press. стр. 429.
- Wright, Clifford A. (1999). A Mediterranean Feast. New York: William Morrow. стр. 333.
Надворешни врски
уреди- Шиш-ќебапи, Алмазанска кујна на Јутјуб