Љуљзим Баша (12 јуни 1974 во Тирана) — албански политичар, претседател на Демократска партија на Албанија од 2013, најголемата опозициска партија во Албанија. Баша бил градоначалник на Тирана во периодот 2011–2015, а претходно бил член на советот на Тирана. Баша бил и министер за транспорт и врски во владата на Сали Бериша во периодот 2005–2007, министер за надворешни работи 2007–2009, како и министер за внатрешни работи во периодот 2009–2011.

Љуљзим Баша
Претседател на ДПА
водач на албанската опозиција
На должноста
23 јули 2013 – 21 март 2022
Претходник Сали Бериша
41. градоначалник на Тирана
На должноста
25 јули 2011 – 25 јули 2015
Претходник Еди Рама
Наследник Ерион Велиај
Лични податоци
Роден(а) 12 јуни 1974(1974-06-12)(50 г.)
Тирана, Албанија
Партија Демократска партија на Албанија
Живеалиште Тирана
Установа универзитет во Утрехт
Потпис

Животопис

уреди

Љуљзим Баша е роден на 12 јуни 1974 во Тирана. Неговите родители имаат потекло од Дреница во Косово,[1] а од таму биле протерани од југословенските партизани. Баша високо образование завршил на универзитетот во Утрехт, а работел како истражител за меѓународниот кривичен суд за воените злосторства во Југославија, каде ги истражувал воените злосторства на српските вооружени сили на Косово во периодот 1998–1999.[2]

Во јануари 2005 се зачленил во Демократска партија на Албанија, а во мај истата година станал член на претседателството на таа партија. Партијата извојувала две последователни победи на парламентарните избори во 2005 и 2009, а Баша бил министер во повеќе ресори во владата на премиерот Сали Бериша. Баша бил министер за транспорт и врски во 2005–2007, министер за надворешни работи 2007–2009, како и министер за внатрешни работи во периодот 2009–2011. Баша во 2011 се кандидирал за градоначалник на Тирана како кандидат на владејачката ДПА, и остварил тесна победа од само 81 глас врз водачот на опозициската Социјалистичка партија на Албанија и тогашен градоначалник Еди Рама.[3]

По поразот на Демократската партија на парламентарните избори во 2013, Бериша поднел оставка од челното место во партијата. Баша бил избран за нов предводник на партијата на 23 јули 2013 како единствен кандидат на внатрепартиските избори.[4][5] На 18 февруари 2017 година, Баша како водач на опозицијата започнал протест против владата на Рама, обвинувајќи високи државни функционери за корупција и вмешаност во трговија со дрога. Баша одбил да учествува на парламентарните избори во јуни истата година поради сомнение дека е можна изборна измама.[6]

Наводи

уреди
  1. „Kush është Lulzim Basha?“. Albeu. 2011.
  2. „Albania pins its hopes on youthful government“. Kosovareport. Reuters. 8 September 2005. Посетено на 24 December 2007.
  3. „Lulzim Basha Sworn In as Tirana Mayor“.
  4. Basha Elected Head of Albania’s Democrats
  5. Basha elected new Democratic Party leader
  6. Albanian protesters rally, pitch tent to demand free elections

Надворешни врски

уреди