Љубиша Стаменковиќ

Љубиша Стаменковиќ (роден на 21 јули 1964 година) е српски фудбалски тренер и поранешен фудбалер.[1]

Љубиша Стаменковиќ во август 2013 година

Играчка кариера

уреди

Иако Стаменковиќ е роден во Власотинце, речиси цел живот го поминал во градот Смедерево, каде што и ја започнал својата фудбалска кариера, во локалниот клуб на Железничар.[1] Подоцна тој се преселил да студира во Белград и воедно се приклучил на екипата на ОФК Белград. Во тој клуб минал многу кратко време. Поголемиот дел од својата натпреварувачка кариера ја минал во клубовите од пониската лига како што се: Смедерево и Млади Радник чии дресови ги носел во неколку различни периоди. На крајот од играчката кариера Стаменковиќ настапувал за екипата на Балкан од Миријево и за составот на Враново.[1]

Тренерска кариера

уреди

По пензионирањето како играч, Стаменковиќ започнал да работи како помошник кај познатиот тренер Велимир Цига Ѓорѓевиќ.[1]

Севојно (2003–2006): Прв успех

уреди

Во летото 2003 година, во тој момент како 39-годишник Стаменковиќ ја презел работата како тренер во тогашниот третолигашки клуб на Севојно. Во неговата прва сезона во клубот, екипата на Севојно завршила на второто место на конечната табела со 11 бодови заостанување зад веќе повисоко промовираниот клуб на Младост од Лучани.[2] Наредната сезона клубот го постигнал она што не успеал во претходната сезона, а тоа било промоцијата во повисок ранг на натпреварување.[3] Во сезоната 2005-06 составот на Севојно, раководена од Стаменковиќ се нашол во втората дивизија, а на крајот од сезоната завршиле на респектабилното 8-то место, со што избегнале испаѓање од лигата, што била и основната цел од почетокот на сезоната.[4] Тоа несомнено бил неговиот прв успешен период како тренер.

Младеновац (2006–2007)

уреди

По заминувањето од екипата на Севојно, Стаменковиќ се вратил во својот поранешен клуб Младеновац кој во тој период настапувал во првата српска лига, или втората по ранг највисока лига во српскиот фудбал. На крајот на сезоната екипата на Младеновац завршила на солидната 10-та позиција и им недостигале само 4 бода за да го достигнат баражот за промоција во повисок ранг. Главната причина за тој резултат биле доста проблеми кои не ги решиле во текот на сезоната.[5]

Бежанија (2007–2008): Прва тренерска активност во највисокиот фудбалски ранг на Србија

уреди

Љубиша Стаменковиќ ја започнал новата сезона како тренер на ОФК Младеновац, но во месец октомври 2007 година, екипата на Бежанија, која на почетокот се мачела во највисоката Јелен Суперлига, со само една победа, му ја понудила работата како тренер токму на Стаменковиќ. Неговата работа била да му помогне на клубот за да може да опстане во лигата и да избегне испаѓање на крајот на сезоната. Сепак на крајот, Стаменковиќ не успеал да ја оствари целта, екипата на Бежанија да опстане во лигата. Под негово раководство клубот успеал да победи само на четири натпревари и на крајот на убедлив начин да испадне во понизок ранг.[6] Тоа бил период кога Стаменковиќ за прв пат се нашол во позиција да предводи екипа од највисоко ниво на српскиот фудбал.

Севојно и Слобода Ужице (2008–2014): Најуспешен период

уреди

Љубиша Стаменковиќ се вратил во клубот во кој го имал најголемиот успех, а тоа била екипата на Севојно. Под негово раководство таа екипа настапувала во првата српска лига. Со составот на Севојно тој го направил најголемиот успех во историјата на клубот, кога успеал да го доведе до финалето на Купот. До тоа финале клубот на Севојно успеал да го победи српскиот гигант, составот на Црвена ѕвезда.[7] На тој начин малиот клуб успеал да се избори за квалификациите за УЕФА Лигата на Европа. Сепак, во лигашкиот дел не биле толку успешни и на крајот завршиле на 7-то место со 4 бода помалку од потребните бодови за промоцијата во повисок ранг.[8]

Наредната сезона клубот започнал во квалификациите за УЕФА Европа Лигата. Клубот на Севојно во првото коло го исфрлил литванскиот состав на ФБК Каунас,[9] но наредниот ривал бил француски претставник, екипата на Лил. Тие биле премногу силен противник и екипата на Стаменковиќ била елиминирана со вкупен резултат од 4.0. Сепак, на крајот од таа сезона клубот на Севојно успеал да постигне промоција бидејќи завршил на второто место во Првата лига. Со тоа ја постигнал историската желба конечно да настапува во највисокиот ранг на српскиот фудбал.[10]

Тоа лето (2010) екипите на Севојно и на Слобода од Ужице се споиле и продолжиле да функционираат како еден колектив.[11] Во својата прва цела сезона во елитниот ранг, составот на Слобода од Ужице завршил на 6то место,[12] а во Купот на Србија стигнал до полуфиналето, каде загубиле од екипата на Војводина со вкупен резултат од 3:1.

Во сезоната 2011–12 клубот завршил на 5-то место и не успеал да ги достигне квалификациите за Лигата Европа. За тој успех му недостасувале само неколку голови во гол разликата. Петтото место било највисокиот пласман во историјата на клубот во најелитната српска лига.

Сезоната 2012-13 за клубот била со ист резултат, бидејќи екипата на Слобода завршила на 5то место на првенствената табела.

На 26 октомври 2013 година, Стаменковиќ го предводел тимот по 100-ти пат во Суперлигата на Србија, против екипата на Јавор и тоа на домашен терен. Тој натпревар завршил со победа на составот на Јавор со резултат од 1:0.

На 6 ноември 2013 година, Љубиша Стаменковиќ, заедно со тренерот Милован Рајевац, бил избран за главен тренер на селекцијата на медиумите која требало да игра против фудбалската репрезентација на Србија. Натпреварот се играл во Ужице и бил од ревијален карактер. Медиумите го избрале токму Стаменковиќ, бидејќи тој бил тренер со најдолг стаж во српската Суперлига и првиот човек кој бил на чело на клуб на 100 натпревари во континуитет.[13] Тимот кој го предводел Стаменковиќ, односно екипата на медиумите била поразена со резултат од 2:0.[14]

На 23 ноември 2013 година, Стаменковиќ го имал својот 200-ти натпревар откако му се приклучил на клубот во 2008 година. Тоа бил натпреварот против екипата на Црвена ѕвезда од Белград. Екипата на Слобода го загубила натпреварот со резултат од 4:1. На 26 април 2014 година, екипата на Слобода загубила со резултат од 4:0 од составот на Јагодина на домашен терен. Тоа бил највисокиот пораз на составот на Слобода од Ужице под раководство на тренерот Стаменковиќ. Во последното коло од сезоната 2013-14, екипата на Слобода загубила од составот на Вождовац со резултат од 1:0 на домашен терен. По тој натпревар, составот на Стаменковиќ завршил на 16-то место на табелата, а тоа значело и испаѓање од лигата. На крајот на сезоната Љубиша Стаменковиќ ја напуштил екипата на Слобода по цели четири години минати во клубот.

Тој во сезоната 2015/16 го раководел составот на ФК Борац од Чачак во српската Суперлига.

Прекар

уреди

Стаменковиќ многу ретко го нарекувале со неговото полно име и презиме. Наместо тоа, тој бил нарекуван „Пискавац“ (српски збор за свиркач), прекар што го добил уште како дете.[15]

Образование

уреди

Покрај тренерската лиценца, Стаменковиќ имал диплома од Факултетот за организациски науки од Универзитетот во Белград.[1]

Напад по натпреварот

уреди

На 13 април 2013 година, екипата на Стаменковиќ Слобода од Ужице одиграла нерешено со резултат од 2:2 со составот на ФК Војводина на стадионот Караѓорѓе во Нови Сад. По натпреварот непознато лице го удрило тренерот Стаменковиќ додека тој се движел кон соблекувалната. По натпреварот еден од делегатите изјавил дека Стаменковиќ навистина бил погоден во пределот на лицето, но тој сепак го негирал тој настан и изјавил дека сака да се концентрира на фудбалот. По истрагата било потврдено дека Стаменковиќ бил погоден и дека лицето што го сторило тоа завршило во притвор. Стаменковиќ и домашната публиката во текот на натпреварот имале неколку вербални размени.[16]

Признанија

уреди

Тренерски признанија

уреди
Севојно
  • Финалист или Второпласирана (1) Купот на Србија 2008–09
  • Второпласирана (1) 2009–10 во Српската прва лига (добиена промоција за повисок ранг)

Статистика

уреди

Како тренер

уреди
Обновено на 5 април 2017
Тим Држава Од До Вкупно Натпревари Победи Нерешени натпревари Порази Голови дадени Голови примени Гол разлика Победи во %
Бежанија Србија 15 октомври 2007 30 јуни 2008 26 4 3 19 26 51 -25 15.38
Слобода од

Ужице

Србија 1 јули 2008 1 јуни 2014 219 81 68 70 252 231 +21 36.99
Напредак од

Крушевац

Србија 27 мај 2015 3 јуни 2015 2 0 1 1 2 4 -2 0.00
Борац од

Чачак

Србија 31 јануари 2016 23 април 2016 12 2 7 3 11 11 +0 16.67
ОФК Белград Србија 22 декември 2016 5 април 2017 5 1 2 2 3 5 -2 20.00
Вкупно 264 88 81 95 294 302 -8 33.33

Список на сезони

уреди
Шампиони Второпласирани Трето / Полуфинале Промовиран Незавршена Испаднат
Сезона Клуб Домашни Меѓународни Трофеи
лига куп УЛШ УЕЛ
2007–08 Бежанија 12-ти помеѓу 16 екипи 0
2008–09 Севојно 7-ми 2 второ место финалисти 0
2009–10 Севојно 2-ри 2 помеѓу 16 екипи 3 коло1 0
2010–11 Слобода Ужице 6-ти полуфинале 0
2011–12 Слобода Ужице 5-ти помеѓу 16 екипи 0
2012–13 Слобода Ужице 5-ти 1 коло 0
2013–14 Слобода Ужице 16-ти четврт финале 0
2014–15 Напредак Крушевац 14-ти 0
2015–16 Борац Чачак 7-ми полуфинале 0
2016–17 ОФК Белград 16-ти 2 0

1 Трето квалификациско коло

2 Второ ниво

3 Трето ниво

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 [1]
  2. „Serbia and Montenegro 2003/04“.
  3. „Serbia and Montenegro 2004/05“.
  4. „Serbia and Montenegro 2005/06“.
  5. „Serbia 2006/07“.
  6. 2007–08 Serbian SuperLiga
  7. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 29 October 2013. Посетено на 23 October 2012.
  8. 2008–09 Serbian First League
  9. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 2022-02-15.
  10. 2009–10 Serbian First League
  11. „Novi Superligaš: Sloboda Sevojno Point“.
  12. „Zajednica: Zaključci sa danas održane sednice Skupštine“.
  13. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 10 July 2015. Посетено на 17 November 2013.
  14. „Спортски Журнал“. Архивирано од изворникот на 2022-02-15. Посетено на 2022-02-15.
  15. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2 February 2013. Посетено на 23 October 2012.
  16. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 12 November 2013. Посетено на 28 May 2013.

Надворешни врски

уреди