Љаодуншки Залив

залив во Кина

Љаодуншки Залив (кинески: 辽东湾, пинјин: Liáodōng Wān) — најголем и најдолг од трите заливи (заедно со Лајџоускиот на југ и Бохајскиот на југозапад) на Бохајското Море, највнатрешниот залив на Жолтото Море.

Карта на Бохајското Море и неговата околина.

Иако е наречен поо полуостровот Љаодунг (кој го образува неговиот источен брег), заливот се наоѓа веднаш јужно од областа Љаоси, речиси целосно западно од реката Љао. Ограничен е од брегот на градовите од јужен Љаонинг (Даљен, Јингкоу, Панѓин, Ѓинџоу и Хулудао) и истокот на покраината Хебеј (Ќинхуангдао и Тангшан), помеѓу ’ртот Лаотјешан на округот Лишуенкоу во Даљен in the east, and the естуарот на реката Даќинг (кој е старото јужно устие на Луан) во околијата Лаотинг во Тангшан на запад.

Најголеми реки кои се влеваат во Љаодуншкиот Залив се Луан, Далинг, Сјаолинг, Љао и Даљао.

Поврзано

уреди


40°02′N 120°53′E / 40.04° СГШ; 120.89° ИГД / 40.04; 120.89