Јунус-паша
Јунус-паша (турски: Devşirme Yunus Paşa; п. 13 септември 1517) — отомански државник и Голем везир на Отоманското Царство осум месеци во 1517 година, служејќи од 30 јануари до неговата смрт на 13 септември.[1]
Девширме Јунус Паша | |
---|---|
Графика на Јунус-паша | |
Голем везир на Отоманското Царство | |
На должноста 30 јануари 1517 – 13 септември 1517 | |
Монарх | Селим I |
Претходник | Хадим Синан-паша |
Наследник | Пири Мехмед-паша |
Отомански управител на Египет | |
На должноста 1517–1517 | |
Претходник | новосоздадена |
Наследник | Хајир Беј |
Лични податоци | |
Починал(а) | 13 септември 1517 Токат, Отоманско Царство |
Националност | Отоман |
Етничка припадност | непозната; од христијанско потекло |
Животопис
уредиБило дискутирано, но никогаш не било до крај решено дали Јунус бил со грчко, бугарско или српско потекло.[2] Бил земен преку системот на данок во крв (земен од неговото семејство и преобратен во Ислам со цел да стане отомански бирократ/војник) на мала возраст, Јунис бил израснат да стане јаничар, на крај станувајќи ага (врвен командант) на јаничарите. Во 1511 година станал везир во диванот (отоманска влада) и беглербег (главен покраински управител) на Анадолија.[2]
Јунус-паша имал голема улога во Отоманско-мамелучката војна (1516–17). По отоманската победа во Битката кај Марџ Дабиг во 1516 година, Јунус-паша, со отоманските трупи под негова команда, влегле во денешниот град Алеп, од каде што ги нападнал градовите Хама, Хомс и Дамаск. По Битката кај Рајденије во 1517 година, влегол во египетскиот град Каиро со неговите јаничари и по тридневна опсада, го освоил градот за Отоманското Царство.[3]
Поради неговите успеси и смртта на претходниот голем везир, Хадим Синан-паша, во Битката кај Рајданије на 22 јануари 1517 година, Јунус-паша бил назначен за Голем везир, осум дена подоцна, на 30 јануари. Подоцна бил истовремено назначено да биде управител на Египет. По добивањето на овие две функции, Јунус-паша наводно воспоставил организирано мито и измачување. Откако вестите за корупција стигнале до султанот Селим I, управувањето на Јунус-паша било повлечено и дадено на Хајир Беј, оставајќи го Јунус-паша со функцијата на голем везир.[2]
Се верува дека султанот Селим I го погубил Јунус-паша поради навредата на неговиот наследник Хајир Беј за неговото потекло по омразата за губењето на владеењето од него и покрај тоа што Јунус-паша бил тој што го освоил Египет за Отоманското Царство. Која и да била причината, Јунус-паша бил погубен со сечење на главата на 13 септември 1517 година.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Државен архив на Турција
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Alper, Omer Mahir, "Yunus Paşa", (1999) Yaşamları ve Yapıtlarıyla Osmanlılar Ansiklopedisi, İstanbul:Yapı Kredi Kültür Sanat Yayıncılık A.Ş. C.2 s.678 ISBN 975-08-0072-9
- ↑ 3,0 3,1 [Osmanlı Tarihi, II. Cilt, 10. baskı, sf: 286,291,543,544, Türk Tarih Kurumu Yayınları-2011, Ord. Prof. İsmail Hakkı Uzunçarşılı]
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Хадим Синан-паша |
Голем везир на Отоманското Царство јануари 1517 – септември 1517 |
Наследник Пири Мехмед-паша |
Новосоздадено |
Отомански управител на Египет 1517 |
Наследник Хајир Беј |