Јунис Џепкоеч Сум
Јунис Џепкоеч Сум (родена на 10 април 1988 г.) е кениска атлетичарка на средни патеки. Таа го освоила златниот медал на трката на 800 метри на Светското првенство 2013.
Јунис Џепкоеч Сум во 2010 година | |||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Националност | Кенија | ||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | 10 април 1988 Уасин Гишу, Кенија | ||||||||||||||||||||||||
Висина | м | 1,59||||||||||||||||||||||||
Тежина | 53 kg (117 lb) | ||||||||||||||||||||||||
Спорт | |||||||||||||||||||||||||
Спорт | Атлетика | ||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | 800 м | ||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Животопис
уредиСум е родена во селото Кесес во округот Уасин Гишу во поранешната провинција Раседна долина и се натпреварувала во седмобој и во ракомет на училиште. Во 2008 таа ја родила ќерката Дијана Џеруто и веќе од 2009 се фокусирала на својата атлетска кариера откако била забележана како се натпреварува во седмобој од поранешната шампионка на 800 метри Џанет Џепкосгеи. На покана на Џепкосгеи, Сум се преселила во Елдорет да тренирата со групата на Џепкосгеи.[1][2]
Својот прв меѓународен настап, Сум го имала на Африканското првенство во 2010 во Најроби на трката на 800 метри, но таа не успеала да се пласира во финалето. На државното првенство на Кенија во 2011, Сум поставила сопствен најдобар резултат од 1:59.66 на трката на 800 метри со што го освоила второто место. Со овој настап таа се квалификувала за трката на 800 метри на Светското првенство 2011 во Тегу, каде својот настап го завршила во полуфиналето.[2]
Сум освоила сребрен медал - нејзин прв медал во меѓународни натпреварувања - на трката на 800 метри на Африканското првенство 2012 одржано во Порто Ново, Бенин. Во финалето, таа го подобрила сопствениот најдобар резултат на 1:59.13, завршувајќи 0.02 секунди зад Франсина Нијонсаба од Бурунди.[3] Сум подоцна во годината учествувала на летните олимписките игри во Лондон, на трката на 1500 метри, но разочарувачки завршила на 10. место и не успеала да се пласира во финалето.[2]
Сум напредувала до највисоки граници на меѓународните натпревари во 2013, изненадувачки освојувајќи го златниот медал на Светското првенство 2013 во Москва, со ново сопствено најдобро време од 1:57.38, оставувајќи го зад себе големиот домашен фаворит Марија Савинова.[4] Кенијката ја победила Савинова и на митингот во Цирих, со што на светската титула ја придодала и титулата победник во дијамантската лига за дисциплината 800 метри.[5]
Сум е прва братучетка на Алфред Кирва Јего, светскиот шампион на 800 метри од 2007 година.[1] Таа е навивач на англискиот клуб Челси.[2]
Лични рекорди
уредиДисциплина | Резултат | Место | Датум |
---|---|---|---|
800 метри | 1:56.99 | Сен Дени, Франција | 4 јули 2015 |
1500 метри | 4:01.54 | Јуџин, САД | 31 мај 2014 |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Sum rolls to Daegu under Jepkosgei's wing. Capital FM. 2011-08-03. (Посетено на 2014-08-25).
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Sub two zero sum game. IAAF. 2014-05-13. (Посетено на 2014-08-25).
- ↑ Watta, Evelyn. Burundian teen Niyonsaba takes dramatic 800m title as Nigeria top medal table in Porto Novo. IAAF. 2012-07-02. (Посетено на 2014-08-25).
- ↑ Landells, Steve. Report: Women's 800m final - Moscow 2013. IAAF. 2013-08-18. (Посетено на 2014-08-25).
- ↑ Whittington, Jessica. Diamond League titles decided in Zurich Архивирано на 26 август 2014 г.. Athletics Weekly. 2013-08-29. (Посетено на 2014-08-25).
Надворешни врски
уреди- Профил на IAAF.org
Награди и достигнувања | ||
---|---|---|
Претходник Една Киплагат |
Кенијска спортистка на годината 2014 |
Наследник Актуелен |