Јулија Мациевска
Јулија Мациевска (р. 16 март 1960, Скопје) — македонска новинарка и пејачка на народни песни.
Јулија Мациевска | |
---|---|
Роден(а) | 16 март 1960 Скопје, СФР Југославија |
Потекло | Република Македонија |
Жанрови | Народна музика, Фолк музика |
Занимања | Пејачка, Новинар |
Период на активност | 1992 - сè уште |
Мреж. место | www.makedonskosonce.com |
Животопис
уредиЈулија дипломира на факултетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на отсекот новинарство. Долги години се занимава и со музика, како соло пејачка. Чест учесник е на фестивалите: Фолк Фест Валандово, Филиграни, Гоце Фест и Лешочки Фолк Фест. Нејзини попознати песни се: "Мајко божја", "Хаџи мило", "Буре барут", "Пред паметникот на Гоце", "Слава тебе господе", "Единствен мој мил" и други...
Таа повеќе од 10 години е автор и водител на емисијата "Будење со Јулија" која се емитува премиерно секоја среда во 12:00 часот на ТВ Сонце.