Отвори го главното мени


Јулија Домна, позната и како Јулија Дома, (170 – 217) била член на Северската династија дел од Римската Империја. Царица и сопруга на императорот Луциј Септимиј Север и мајка на императорите Гета и Каракала, Јулија била позната по своето неверојатно знаење и по огромното политичко влијание.

Julia Domna (Julia Pia), inv. 2210, Roman - Braccio Nuovo, Museo Chiaramonti - Vatican Museums - DSC00897.jpg
Роден 170
Сирија
Починал 217

СемејствоУреди

Јулија потекнува од сириско семејство од градот Емеса (денес Хомс).[1] Таа била најмладата ќерка на висок свештеник Јулиј Басиан, а нејзина најстара сестра била Јулија Меса. Нејзините претци биле кралски свештеници од познатиот храм посветен на Елагабал (syr. Ilāh hag-Gabal). Семејството било многу богато и било назначено за римска сенаторска аристократија. Пред бракот, Јулија го наследила имотот од нејзиниот чичко по таткова линија, Јулиј Агрипа.[2]

ВладеењеУреди

Кон крајот на 180-те години, Јулија се мажи со идниот император Септимиј Север, за кој се смета дека имал пунско потекло. Бракот бил среќен, а Север ја почитувал својата сопруга и нејзиното мислење о рска со политиката, посебно затоа што таа била многу образована и склона кон филозофија. Имале два сина, Луциј Септимиј Басиан (Каракала) роден во 188 година, и Публиј Септимиј Гета роден во 189 година. Поради нејзината љубов кон филозофијата, Јулија ги штитела филозофите, и помогнала да напредува филозофијата во Рим.[3]

 
Биста на императорката, изработена типично за северскиот период. Музеј на уметноста, Волтерс, Балтимор.

Граѓанската војнаУреди

Кога Севериј станал император во 193 година (позната како „Година на петте императори“), тој се соочил со граѓанска војна, која ја водел против противниците Пескениј Нигер и Клодиј Албин. Јулија го придружувала кога патувал на Исток, што било невообичаено за тоа време, бидејќи од сопругите се очекувало да ги чекаат своите сопрузи во Рим.

Преминот на моќтаУреди

 
Пара со ликот на Јулија Домна

Како императорка, Јулија често била вклучена во сплетки и имала мноштво политички непријатели кои ја обвинувале за предавство и прељуба. Ниедно обвинување не било докажано. Север и натаму ја почитувал својата жена, и инсистирал да го придружува во битките против Бритите, кои започнале во 208 година. Кога Север умрел во 211 година во Еборакум (Јорк), Јулија станала посредник меѓу синовите, Каракала и Гета, кои требало да владеат заедно, според последната желба на нивниот татко. Но браќата никогаш не биле сложни, и често се карале. Истата година, Гета бил убиен од војниците на Каракала.

Така, Каракала останал сам да владее, а неговиот однос со мајка му станал многу лош, а некои извори велат дека најверојатно поради убиството на Гета. Сепак, Јулија го придружувала синот во неговите патувања и битките против Партиското царство во 217 година. За време на ова патување, Каракала бил убиен од заседа, од страна на Макриниј. Јулија се самоубила откако чула за побуната, [4][5] иако се смета дека ваквата одлука ја донесла затоа што боледувала од рак на дојките. [6] Нејзиното тело било вратено во Рим и положено во посебен гроб од Мавзолејот на Август). Подоцна, нејзините и коските на Гета биле преместени во Мавзолејот на Хадријан, од страна на нејзината сестра Јулија Меса.[7] Подоцна, била обоготворена.

АполонијУреди

Да не била Јулија, ние денес малку би знаеле за легендарниот Аполониј од Тијана. По наредба на Јулија, Филострат ја напишал денес познатата „Животот на Аполониј од Тијана.[8] Се смета дека Јулија можела да ги заврши осумте тома на Филострат.[4]

Препорака за читањеУреди

  • (француски) Minaud, Gérard, Les vies de 12 femmes d’empereur romain - Devoirs, Intrigues & Voluptés , Paris, L’Harmattan, 2012, ch. 9, La vie de Julia Domna, femme de Septime Sévère, p. 211-242.
  • B. Levick, Julia Domna: Syrian Empress, Routledge, 2007

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Irfan Shahid, Rome and The Arabs: A Prolegomenon to the Study of Byzantium and the Arabs, Washington, 1984, Dumbarton Oaks Research Library, p. 167, ISBN 0-88402-115-7; Glen Warren Bowersock, Roman Arabia, Cambridge, Harvard University Press, 1983, pp. 126–128, ISBN 0-674-77756-5 [1]. "with the last of his names, he clearly tried to forge a link with the ultimate Antonines, who were the Arab emperors from the family of Julia Domna"; Maxime Rodinson, The Arabs, Chicago, University of Chicago Press, pp. 55, ISBN 0-226-72356-9, [2], "The emperor Septimus Severus married an Arab from Emessa, Julia Domna, whose sons and great-nephews ruled Rome."
  2. Levick, Julia Domna: Syrian Empress, p.18
  3. „Julia Domna 170 CE Syria“. Women-philosophers. конс. 6 March 2014. 
  4. 4,0 4,1 Jones, Christopher P. (2005). Philostratus, The Life of Apollonius of Tyana. Harvard University Press. стр. 2. 
  5. Birley, Anthony (1999). Septimius Severus: The African Emperor, Routledge, p. 192. ISBN 0-203-02859-7.
  6. Potter, David S (2004). The Roman Empire at Bay AD 180–395, Routledge, p. 148. ISBN 0-415-10058-5.
  7. „Cassius Dio — Epitome of Book 79“. University of Chicago. [мртва врска]
  8. Dzielska, Maria; Stucchi, Sandro (1986). Apollonius of Tyana in Legend and History. стр. 14. ISBN 88-7062-599-0. 
Претходник
Манлија Скантила
Римска императорка
193–211
со Фулвија Плавтила (202–205)
Наследник
Нонија Целса