Носија од Леринско Поле
Носијата од Леринско Поле се надоврзува на носијата од Битолско Поле, но со забележливи разлики во обликувањето и украсувањето на одделните облеки. Населението во овој предел, нознато под етнонимот моштени, ја зачувало својата традиционална носија, особено женската.
Во Македонија, селата каде се носела моштенска носија се Бач, Живојно, Гермијан и Совиќ (Сович). [1][2] Некои села во леринско (поточно тие спомнати тука[3]) имаат носија која се одделува од таа во останатиот лерински крај.
Женската носија
уредиОд традиционалната женска носија најдолго се зачувала кошулата, чија спечифична везбена декорација, изведена исклучиво со крвчиња, остро и на прв поглед ја диференцира од поголемиот број македонски кошули. Везот на долниот дел на кошулата се одржувал се до Втората светска војна, додека ракавните везови се напуштиле од порано. [2]
Над кошулата се носела горна безракавна облека од црн шајак тн. „ќурдија“, со расцепени поли, украсена со волнена оптока и купечки гајтани, а на градите со апликации „чапрази“ од индустриска материја. Зимно време носеле „ресачка“ од црн шајак, со реси од внатрешната страна, но поинаку украсена од костурскиот „власеник“. Подоцна, ќурдијата ја заменале со долга, безракавна облека, широка во долниот дел, која достигнува до везот на кошулата „ф’стан“, волнен за зиме, памучен за лето, или со „антерија“ од „алаџа“, полнета со коноп. [2]
Се опашувале со волнен „прегач“, скутина од две дипли, а на главата носеле бели „даркми“. На градите се кителе со метален накит од сребрени синџири, поткитени со пари, а на појасот носеле метални пафти „ѓубеци“. [2]
Машката носија
уредиМашката носија била изработувана од бело памучно платно, поточно во летниот период. Во зимскиот период се изработувале облеки од клашна. Во составот на носијата биле застапени платнени гаќи и кошула, клашнен елек, волнени чорапи, и капа. Народната носија во овој крај била изработувана за различни периоди од животот на човекот со кои се одредувала возраста, брачната состојба, социјално економската положба. Но оваа носија почнала да се напушта од среднината на ХХ век. [1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Огненовски, Трајко (2009). Битолски регион, Население и Населби. Битола: Општина Битола. стр. 57. ISBN 978-86-17-12355-4 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help). - ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Пенушлиски, Кирил (2002). Народната Култура на Егејска Македонија. Скопје: Мисла. стр. 389. ISBN 86-15-00248-7.
- ↑ Јаневски, Владимир (2013). Етнокореолошки карактеристики на Македонските Народни Ора (по избрани примери) (PDF). Скопје: д-р Зоранчо Малинов. стр. 56. ISBN 978-9989-642-82-1.
Надворешни врски
уреди„Носија од Леринско Поле“ на Ризницата ? |