Народни носии од Кајларско
Народната носија од Сариѓол била носена во истоимената област, но и во леринските села Баница, Горничево и Церово, и во планинските села Прекопана, Зелениче, Сребрено, кои се сметат за Сариѓолски, „макар и да се в’планината“. [1]
Машка носија
уредиМажите од овој предел носат бела платнена кошула, опашена со широк волнен појас. Над него се носело минтан со ракави кои се закопчувале со копци, а над истиот се носело елек, кој бил опточен со црни гајтани по рабовите, и бил половина закопчен, со горната половина останувајки отворена. Над сите овие облеки во зимно време носеле долама од црн шајак, долга до петите, и била опточена со црни гајтани и црвени ширити. [1]
На нозете носеле сини шајачки облеки (потури за летно време, а пртеници за зимско време). Додатно може да се образложи за потурите, кои биле тесни под колената, стегнати со подвески и закопчени со копци; а над колената биле широки со дипли. Исто така на нозете наместо опинци, носеле тн. „кондури“; а на главата мажите носеле црна чалма. [1]
Женска носија
уредиЖените од кајларско за разлика носеле бела платнена кошула, антерија направена од европска материја и полнета со памук, која се раширува од појасот надолу, и имала ракави кои се закопчувале. Истата била отворена на градите и опточена со гајтани по рабовите. Антеријата се опашувала со колан кој бил 3 прсти широк и направен од домашен материјал. Над се, жените носеле тн. „кусо“, направено од чоја кое било долго до појасот (коланот), со ракави и отворено со две поли. На главите носеле шамии; младите девојки носеле градски шамии, а постарите жени носеле големи, црни шамии со игли од страните. [1]
Галерија
уреди-
Жени во носии од с. Баница, Сариѓол (1908)
-
Жени во носии од с. Баница, Сариѓол (1916)
-
Селани во носии од с. Баница, Сариѓол (1918)
-
Селани во носии од с. Баница, Сариѓол (1932)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Петров, Ѓорче (1896). Материали по изучвањето на Македонија (PDF). Софија: Печатница В'лков. стр. 679–680.
Надворешни Врски
уреди- Додатни слики од носии по потекло од Сариѓол
- Оваа носија е распостранета во с. Баница од општ. Лерин, како и во општините Суровичево и Еордеја (каде денеска се наоѓа гр. Кајлари)