Јужнокинески Карст
Јужнокинески Карст (поедноставен кинески: 中国南方 喀新; традиционален кинески: 中國南方 喀新; пинјин: Zhōngguó Nánfāng Kāsītè) — локалитет на светското наследство на УНЕСКО, еден од најисклучителните влажни тропски до суптропски крашки предели. Тој е карстно подрачје што се протега низ покраините Чонгчјинг (重击市, Chungking, Ch'ung-ch'ing), Гуангшји (Guǎngxī Zhuàng Zìzhìqū, 广西壮族论旅区), Гуиџоу (贵州省, Guìzhōu Shěng) Јунан (云南省, Yúnnán Shěng) и зафаќа 97.125 хектари. Се одликува со различни карстни особености (столбови, врвови и конуси, заедно со други спектакуларни особености како што се природни мостови, клисури и големи пештерски системи) и предели со богата биоразновидност. Јужнокинескиот Карст опфаќа седум заштитени области:
- во 2007 година биле впишани Либо Карст, Шилин Карст и Вулонг Карст.[1]
- во 2014 година биле впишани Гуилин Карст, Шибинг Карст, Јинфошан Карст и Хуанџјианг Карст. [2]
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Место | Кина |
Критериум | природно: (vii), (viii) |
Навод | 1248bis |
Запис | 2007 (XXXI заседание) |
Дополнувања | 2014 |
Координати | 24°55′24″N 110°21′16″E / 24.92333° СГШ; 110.35444° ИГД |
УНЕСКО го опишува Јужнокинескиот Карст како „неспоредлив во различноста на карстните особености и предели.“
Геолошки особености
уредиОколу 13 % од површината (повеќе од 1,25 милиони км²) на територијата на Народна Република Кина се состои од варовнички предели. Од ова, околу 500.000 км² може да се означат како карстни предели. Овие карстни предели главно се наоѓаат на југот на Кина, се протегаат на околу 1380 км во правец запад-исток и околу 1010 км во правец север-југ, а најчесто се наоѓаат во покраините Јунан, Гуиџоу и Гуангшји, во помала мера во Чонгчјинг, Сечуан, Хунан, Хубеи и Гуангдонг. Пределите имаат различни климатски услови (влажни и полусуви, суптропски и тропски).
Во геолошка смисла, варовничките почви, што на некои места се дебели и по неколку километри, настанале на подрачјето на денешна Јужна Кина во раздобјата од камбриум до перм, т.е. пред околу 540 до 250 милиони години. Во тоа време, денешна Јужна Кина била дно на исконско море, во кое постојано се таложеле карбонатни и силикатни седименти. Настанала како резултат на тектонските процеси на плочи кои започнале во тријасот (пред 200 до 250 милиони години) и довеле до постепено издигнување на Евроазиската Плоча во областа и настанување на Хималаите во доцниот терциер (пред 70 милиони години). Морето во областа на Јужна Кина пресушило и настанало копно главно од варовник, со висински наклон од околу 2000 метри од северозапад кон југоисток. Под влијание на ерозијата предизвикана од временските прилики (дожд, ветер,...) и други геолошки процеси (вулкани и сл.), со текот на времето се појавиле денешните исклучително разновидни карстни предели со високи и конусни карстни образувања, карстни пештери и сл.
Запишување во наследството на УНЕСКО
уредиОткако Народна Република Кина првично поднесувала релативно независни барања за впишување на различни карстни предели како светско наследство на УНЕСКО, кинеската влада спровела стратегија за впишување на битните карстни предели во Јужна Кина во неколку последователни фази како дел од заедничкото светско наследство Карстни предели во Јужна Кина.
Културната посебност на номинираните места била тоа што тие се претежно во региони населени со население на националните малцинства (Шилин, Либо и други). Во номинацијата, претставниците на кинеската влада нагласила дека ќе се почитуваат правата на овие малцинства и дека тие ќе бидат вклучени во управувањето и обликувањето на идните места на светско наследство.[3] Била истакната и богатата биоразновидност на номинираните подрачја во кои се среќаваат неколку ретки, строго заштитени животински и растителни видови.[4]
Прва номинација
уредиВо првата фаза на номинирање, Народна Република Кина на 16 јануари 2006 година поднела барање за регистрација на три карстни покраини (карстот Шилин во Јунан, Либо Карст во Гуиџоу и Вулонг Карст во Чонгчјинг) како светско наследство. Шилин и Либо се составени од по две, а Вулонг од три места.
На своето 31 заседание во Крајстчерч (Нов Зеланд) одржано од 23 јуни до 2 јули 2007 година, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО вклучил седум карстни предели како места на светско наследство на УНЕСКО. Наведени биле критериумите (vii) и (viii). Во исто време, Комитетот на УНЕСКО предлагал дека треба да се земе предвид и критериумот (ix).
ИД | Име и град | Населба, предел | Координати | Површина | Тампон-зона |
---|---|---|---|---|---|
1248-001 | Шилин Карст – Камена Шума Наигу 石林喀林-乃古石林 |
Шилин, Јунан |
24°54′04″N 103°20′39″E / 24.90111° СГШ; 103.34417° ИГД | 0 1.746 ха | 22.930 ха |
1248-002 | Шилин Карст – Камена Шума Суогеџиќун 石林喀新所-所各邑村 |
Шилин | 24°43′4″N 103°20′39″E / 24.71778° СГШ; 103.34417° ИГД | 10.324 ха | |
1248-003 | Либо Карст – Шјиао-Чиконг 荔波喀新小-小七孔 |
Либо , Гуиџоу |
25°16′38″N 107°42′51″E / 25.27722° СГШ; 107.71417° ИГД | 0 7.834 ха | 43.498 ха |
1248-004 | Либо Карст– Донгдуо 荔波喀方合-洞多 |
Либо | 25°13′8″N 107°59′31″E / 25.21889° СГШ; 107.99194° ИГД | 21.684 ха | |
1248-005 | Вулонг Карст – долина Чјингкоу 武隆喀方合-箐口天坑 |
Вулонг , Чонгчјинг |
29°33′28″N 107°59′10″E / 29.55778° СГШ; 107.98611° ИГД | 0 1.246 ха | 32.000 ха |
1248-006 | Вулонг Карст – Три природни моста 武隆喀新-天生三桥 |
Вулонг | 29°24′35″N 107°53′28″E / 29.40972° СГШ; 107.89111° ИГД | 0 2.202 ха | |
1248-007 | Вулонг карст – пештерата Фуронг 武隆哖林-芙蓉洞 |
Вулонг | 29°12′28″N 107°53′28″E / 29.20778° СГШ; 107.89111° ИГД | 0 2.552 ха | |
Вкупно | 47.588 ха | 98.428 ха |
Втора номинација
уредиВо втората фаза до 2012 година, од 10-те избрани главно карстни покраини, биле избрани уште четири карстови (Гуилин Карст во Гуангшји, Шиби Карст во Гуиџоу и Јинфошан Карст во Чонгчјинг; дополнително, Хуанџјианг Карст во Гуангшји како непосредно продолжение на Либо Карстот), што УНЕСКО на 20 март 2013 година ги номинирал за светско наследство. Во согласност со барањата на УНЕСКО, пределите биле избрани да ги надополнат веќе регистрираните предели, т.е. не треба точно да ги репродуцираат нивните особености. Надлежниот одбор позитивно ја оцени номинацијата во април 2014 година. На своето 38 заседание во Доха (Катар) од 15 до 25 јуни 2014 година Одборот за светско наследство на УНЕСКО ги стави пријавените места на списокот на светско наследство.
ИД | Име и град | Населба, предел | Координати | Површина | Тампон-зона |
---|---|---|---|---|---|
1248-008 | Гуилин Карст – Путао-Фенглин 桂林喀林-葡萄峰林 |
Јангшуо , Гуангшји |
24°55′24″N 110°21′16″E / 24.92333° СГШ; 110.35444° ИГД | 0 2.840 ha | 21.610 ха |
1248-009 | Гуилин Карст – Лиџијанг-Фенконг 桂林喀方料-时江峰世 |
Јангшуо | 25°00′08″N 110°27′32″E / 25.00222° СГШ; 110.45889° ИГД | 22.544 ха | 23.070 ха |
1248-010 | Шибинг Карст 施秉喘方 |
Шибинг, Гуиџоу |
27°10′16″N 108°05′40″E / 27.17111° СГШ; 108.09444° ИГД | 10.280 ха | 18.015 ха |
1248-011 | Џинфошан Карст Златен Буда |
Нанчуан, Чонгчјинг |
29°00′30″N 107°11′59″E / 29.00833° СГШ; 107.19972° ИГД | 0 6.744 ха | 10.675 ха |
1248-012 | Хуанџјианг Карст 环江喖方 |
Хуанџјиан, Гуангшји | 25°10′01″N 107°59′40″E / 25.16694° СГШ; 107.99444° ИГД | 0 7.129 ха | 0 4.430 ха |
Заедно | 49.537 ха | 77.800 ха |
Наводи
уреди- ↑ „Twenty-two new sites inscribed on UNESCO's World Heritage List, and one deleted during Committee meeting in Christchurch“. UNESCO World Heritage Convention. 29 June 2007. Посетено на 2011-02-14.
- ↑ „South China Karst“.
- ↑ Nomination file 1248, S. 21/22: Chinese policies on minority peoples
- ↑ Nomination file 1248, S. 41–45: 2.a-2-4 Biotic Community and Biology Species; S. 63–64: 2.a-3-4 Ecosystem, S. 65–76: 2.a-3-4a Biodiversity; S. 100–104: 2.a-4-4 Biology
- ↑ Nomination file 1248, Tabelle 1–2: Area of the Nominated Property and Proposed Buffer Zones im Anhang