Рамсарска конвенција

(Пренасочено од Рамсарско место)

Рамсарска конвенција (полн назив: „Конвенција за водните живеалишта од меѓународна важност, особено за водните птици“) — меѓународен договор за заштита и одржливо користење на водните живеалишта (моклишта)[1] со цел да се спречи нивното уништување и да се нагласи нивната еколошка стопанска, културна, научна и рекреативна вредност. Наречена е по градот Рамсар во Иран, каде е потпишана во 1971 г.

Рамсарска конвенција
Конвенција за водните живеалишта од меѓународна важност, особено за водните птици'
{{{image_alt}}}
Лого
Потпишан2 февруари 1971
МестоРамсар, Иран
На сила од21 декември 1975
УсловРатификација од 7 држави
Странки168
ЧуварГен. директор на УНЕСКО
Јазицианглиски, француски, германски и руски
Дојранското Езеро е рамсарско место

Македонија има две рамсарски места: Преспанското и Дојранското Езеро.[2] Во 1994 г. е основан и Македонскиот рамсарски комитет.[3]

За конвенцијата

уреди

Конвенцијата е осмислена и усвоена од 21 држава на собирот во градот Рамсар на 2 февруари 1971 г., чиј домаќин било Министерството за животна околина на Иран.[4] Стапила на сила на 21 декември 1975 г.

На 2 ноември 2013 г. постоеле 2.168 рамсарски места во 168 држави. Местата имаат вкупна површина од 206.632.105 хектари. Највеќе заведени места има Велика Британија (169), а најголем удел по површина има Канада (130.000 км²). Дефиницијата за водно живеалиште е прилично широка: морски подрачја не подлабоки од 6 м при осека, мочуришта, езера, езерца, оризарници и солани.[5]

Потписниците се состануваат на секои три години, почнувајќи од 1980 г. Досега на собирите се усвоени два амандмана во 1982 и 1987 г.[6]

Организацијата има постојан комитет, стручен одбор и секретаријат. Седишето се наоѓа во Гланд, Швајцарија, во кое е сместен и Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП). Соработува со разни еколошки организации за подобар успех во делувањето.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Матична страница на Рамсарската конвенција (англиски) посет. 10 јули 2011 г
  2. Список на рамсарски места, 24 октомври 2013 (англиски)
  3. За друштвото Архивирано на 7 август 2013 г. — Друштвото за проучување и заштита на птиците на Македонија (ДПЗПМ)
  4. „Sad news: death of Mr Eskandar Firouz“. Call of the Curlew (англиски). 11.03.2020. Посетено на 2022-02-01. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. Viney, Michael (2013). „We're a wet country“. Irish Times. Архивирано од изворникот на 2013-02-28. Посетено на 9 февруари 2013. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  6. Рамсар: Кратка историја (англиски) посет. 7 ноември 2009 г

Надворешни врски

уреди