Југозападно играорно подрачје

Под Југозападни ора се подразбираат македонските народни ора што потекнуваат од Брсјачката етнографска целината, а тоа се регионите: Дебрца, Малесија, Железник, Порече, Струшки Дримкол, Струшко Поле, Мариово, Тиквеш, Прилепско Поле, Битолско Поле, Цапарско Поле, Горни битолски села, Кичевија и Охридско Поле.

Одлики на ората

уреди
 
Оро на гајда, во селото Добровени, Битолско Поле, за време на Првата светска војна

Од аспект на традиционалната игра, Брсјаците во однос на нивните соседи, Мијаците, секогаш биле поимани коко многу послободни во изразувањето на традиционалната игра. Главен инструмент во придружба на играта е гајдата, која може да се свири соло, а може и во пар. Брсјаците биле особено талентирани за инстументот гајда, така што во едно село можеле да се сретнат и до дваесет гајдаџии.

Женски стилски одлики на ората од ова подрачје се: поголема слобода во играчкото изразување, посложени играчки чекори, ситни и умерени метро-ритмички обрасци, балансирани чекори, држење за раце во долна позиција или подигнати во висина на половината.

Машки стилски одлики на ората од ова подрачје се: чекори со подскоци, скокови, сложени играчки обрасци, држење за рамо и за подигнати раце во висина на гради.

Наводи

уреди