Јоше Павловски
Јоше Павловски ( 1912 во Беловиште (Тетовско) — 1944 во Тетовско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиЗавршил основно училиште во селото. Како слабоимотен работел во рудникот Радуша, а подоцна заминал на печалба во Белград. Летото 1944 година Вратничката партиска организација го вклучила во Народноослободителното движење. Станал член на првиот ослободителен одбор во селото. Во октомври 1944 година при провалата на одредот, заминал во базата на одредот за да го извести дека еден провокатор минал низ нивното село. Одредот бил блокиран од силни бугарски фашистички воени, полициски и контрачетнички единици. Се затекнал во одредот и зел учество во борбата против фашистичкиот окупатор. Во овој нерамен судир храбро загинал.[1]