Јохан Нестрој
Јохан Непомук Едуард Амброзиј Нестрој (7 декември 1801 - 25 мај 1862) бил пејач, глумец и драматург во популарната австриска традиција на периодот Бидермаер и неговите непосредни последици.
Кариера
уредиНестрој е роден во Виена, каде што студирал право од 1817 до 1822 година, пред да ги напушти студиите за да стане пејач. Тој се приклучил кон театарот "Карнтнертор", почнувајќи со Сарастро во "Волшебната флејта" на 24 август 1822 година. По една година пеење во Виена, тој заминал за Амстердам каде што две години се појавувал во баритонските улоги во локалниот Германски театар. Од 1825 до 1831 тој прифаќал ангажмани да пее и да глуми во Брно, Грац, Братислава, Клагенфурт, Виена и Лавов. Потоа се вратил во неговата родна Виена и почнал да пишува и продолжил да настапува.
Кариерата на Нестрој како драмски писател била моментален успех: неговата претстава од 1833-тата година „Злиот дух Лумпацивагабундус“ била огромен хит. Наскоро тој станал водечка фигура во австриската култура и општество. Нестрој го наследил Фердинанд Рејмунд како водечки глумец-драматург на Волкстеатар, виенската комерцијална сцена или „народниот театар“.
Додека Рејмунд се фокусирал на романтични и магични фантазии, Нестрој користел комедија за пародија и критика. Работејќи во времето на конзервативниот министер Клеменс фон Метерних, тој морал внимателно да ги подготви неговите драми за да ја заобиколи строгата цензура. Неговиот интерес за игра на зборови бил легендарен, а неговите ликови често мешале виенски германски со помалку успешни обиди за „образован“ говор. Музиката имала важна улога во неговата работа, со песни кои ја разработуваат темата или помагаат со заплетот.
Нестрој напишал речиси осумдесет комедии помеѓу 1830-тите и 1850-тите години. Меѓу најзначајните се: Злиот дух Лумпацивагабундус, Љубовните приказни и бракот се важни, Талисман (претстава) (преработена во 1939 година како музичка комедија Титус прави кариера од Едмунд Ник), На Прослава и Искинатиот сите обележани со критика кон општеството и зајадлива сатира. Починал во Грац, Австрија.
Дела
уредиНестрој останал пејач низ целиот негов живот, и речиси сите негови драми вклучуваат музика. Тесно соработувал со релативно мал број композитори: Адолф Милер Сениор, кој поставил 41 дело од Нестој во периодот меѓу 1832-та и 1847 година, Мајкл Хебенштрејт, кој поставил 10 дела во периодот од 1843-та до 1850 година, Карл Биндер, кој поставил седум дела во периодот од 1851-ва до 1859 година, како и Антон М. Шторч, Франц Розер, Карл Франц Штенцел, и Андреас Скута.
Поголемиот дел од неговите дела биле означени како некоја форма на Посе или фарса, а од нив мнозинството биле Фарси со пеење. Тој, исто така, напишал голем број на пародии, и на опери вклучувајќи ги: Сендрилион, Пепелашка, Лоенгрин, Марта, Роберт ле Диабл, Танхаузер и Зампа и драми вклучувајќи ги: Ловоров дрво и питачки персонал од Карл фон Холтеи и Роберт Ѓаволот од Ројпач. Дополнително, тој напишал и четири Кводлибети, две бурлески, една травестија и конечно и оперета користејќи музика од Жак Офенбах.
Неговите рани дела биле изведувани во Грац и Пресбург, потоа од 1832-та до 1846-та работел исклучиво во Театар Виена, каде што своја премиера имале 45 од неговите претстави. По две продукции во Театар во Леополдштат, тој се преселил во Карлтеатар од 1847-та до 1859-та, каде што биле изведени уште 20 негови дела.
Наследство
уредиОколу половина од делата на Нестрој биле обновени од модерните театри во кои се зборува германски, а многу се дел од денешниот виенски репертоар.
Нестрој има плоштад — Нестројплатц — именуван по него во Виена, како и станица на Линијата 1 на Виенското метро, која била отворена во 1979 година. Кога Рајсбруке морал да биде повторн изграден по падот во 1976 година, тендерот го добил конзорциум по име Проект Јохан Нестрој. Официјалното име на новоизградениот мост е веројатно Мост Јохан Нестрој,[1] но тоа име не делува дека има важност.
Една од најважните награди во театарот од германско говорно подрачје е именувана по Нестрој. Театарската Награда Нестрој е годишна награда за првенствено австрискиот театар со категории слични како на Оскарите. Церемонијата на доделување на ова награда се одржува во Виена и се емитува во живо на националната телевизија.
Австрискиот илустратор и сликар Рајнхард Тринклер ја прилагодил драмата на Нестрој Талисман во графички роман со истото име.[2]
Наводи
уреди- ↑ "Auch Reichsbrücke brach am 1. August", Der Standard (5 August 2007) (германски)
"25 Jahre Reichsbrücke", ORF (9 July 2005) (германски)
"Wiener Reichsbrücke: Einsturz jährt sich zum 30. Mal" Архивирано на 26 мај 2008 г., Kleine Zeitung (2 August 2007) (германски) - ↑ Der Talisman – Graphic Novel Архивирано на 10 февруари 2015 г., Edition Steinbauer (германски)
Надворешни врски
уреди- Johann Nestroy на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Internationales Nestroy Zentrum Архивирано на 31 март 2008 г. (на германски)
- Јохан Нестрој — Австрија-форум (германски) (на AEIOU)
Литература
уредиБранкомби, Питер (1992), "Нестрој, Јохан Непомук" во „The New Grove Dictionary of Opera“, ед. Стенли Сади (Лондон) ISBN 0-333-73432-7