Јордан Руичев ( роден во Плоски, Пиринска Македонија, Бугарија1948 во Крпелево, Пиринска Македонија) — македонски борец за човекови права, активист за обединета и независна Македонија. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]

Јордан Руичев
Роден Плоски, Пиринска Македонија, денеc Бугарија
Починал Крпелево, Пиринска Македонија, Бугарија
Националност Македонец

Животопис уреди

Бил водач на илегална чета на Герасим Тодоров со членови од село Плоски. Дејствувал во реонот и местата близу до неговото родно место. За време на блокадата на селото Плоски, тој со неговиот брат Никола успеаваат да избегаат до селото Драката.[1] Членот на групата, неговиот соселанец Методи Ризов точно им објаснил каде се полициските пунктови и како да избегаат.[2] Таму повторно бил пресретнат од патрола, при што и тој и брат му се ранети.[1] Неговиот брат Никола, не можел да бега повеќе и го замолил да го убие, како би му се скратиле маките.[3] Јордан продолжил да бега се до селото Крпелево, каде бил предаден од близок пријател и решава да се самоубие. Важел за фанатичен поддржувач на македонската кауза.[1]

Поврзано уреди

Никола Руичев

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 82–83.
  2. Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 87.
  3. Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 84.